Млади лица, тинејџери – насмеани, ведри и во младоста опиени. Смеа околу нив кружи, задоволни позитивни вибрации се шират и невино опкружувањето го игнорираат. Нема друг свет освен нивниот, друг универзум со друга реалност. Со друштвената игра и пијалокот, свртени со друг поглед кон светот.