Дејството на книгата на месецот јануари почнува кога главниот лик случајно нагазува на шилец од еден дрвен предмет. Формата на чудниот предмет ја препознава во различни места на градот и таа го води во потрага по една млада девојка што неодамна исчезнала.