Маргарет Мацантини (1961) е италијанска авторка и актерка, родена во Даблин, Ирска. На тригодишна возраст се преселува со семејството во Италија. Дипломирала актерство на Националната академија за драмски уметности во Рим. Првиот роман го објавува во 1994 година и ги добива наградите „Рапало-Кариџе“ и „Кампиело“. Речиси сите нејзини дела се филмувани и преведени на триесет и пет јазици. Во 2003 година Мацантини го добива Орденот за заслуги на Република Италија.
Надеж. Мислам на зборов што поприма облик во мракот. Има лик на подзапрепастена жена, од оние што си го влечат поразот со себе, но и понатаму достоинствено се борат.