Скопје, година XVI, број 143-144/ ноември – декември 2022
Кадер Абдолах
Кадер Абдолах (1954) е ирански писател што пишува и на холандски јазик. Неговото вистинско име е Хосеин Саџади Гемагами Фарахани. Тајно ја проучувал западната литература и го осознавал поимот за слободата. Како студент по физика во Техеран, пишувал за еден нелегален весник и тајно објавил две збирки раскази под псевдонимот Кадер Абдолах. На холандската литературна сцена дебитирал во 1993 година. Делата на Абдолах се преведени на повеќе од 20 јазици.
Муезинот имаше четиринаесетгодишен син по име Шахбал и ќерка по име Шахин, која беше мажена. Иако неговата жена беше почината по долга и тешка болест, тој не сакаше повторно да се ожени. Сепак, одржуваше врски со неколку жени во планината.
Ако застанеш на плоштадот Накш-е-Џахан кога ноќта е ведра, можеш да ја набереш месечината од небото. Токму тоа античките персиски поети го правеле со својата поезија