Кон „Министерство на болката“ од Дубравка Угрешиќ

Откако го напушта домот во Загреб, Тања Луциќ, професорка по книжевност, се наоѓа во Амстердам, каде е ангажирана да предава на јазикот чија земја се распаднала. Нејзините студенти се млади луѓе со статус на бегалци кои ја делат нејзината поранешна татковина. Во обид да ја олесни колективната болка, Тања создава имагинарен музеј на југоносталгичарски експонати.

Кон „Пасија по Г.Х.“ од Кларис Лиспектор

Лесно можам да го избегнам конзистентниот хаос на другите луѓе, но како да побегнам од сопствениот? (Пре)испитувањето и (пре)осмислувањето на светот во/н себе бара втурнување до најдлабокото себство и трагање по амбисот каде лежи вистината како врховен принцип.

Краток осврт кон „Невидлива жена“ на Славенка Дракулиќ

Подредувањето на куферот функционира како подредување на животот. Се разработува постојаната потреба на човекот да го (о)држи во ред животот, да го контролира, да го задржи во однапред зададени граници бидејќи изненадувањето е помало со предвидувањето. Апсолутната подготвеност за одбрана во секој даден момент е само поради стравот од непознатото.