Кон „Spectator“ од Жарко Кујунџиски

Кујунџиски успева да напише дело што гo предвестува верижниот пренос на спроводливост, нешто досега невидено и физички недокажано, барем на македонската литературна сцена. Верижниот пренос е сличен на далeковод и електричен столб, ја трансформира енергијата и ја разложува, насочувајќи ја исправно до клучното место.

Кон „Вечно туѓа“ од Стефан Хертманс

Жените од памтивек се напаствувани и злоупотребувани, да се биде жена било проклетство, особено зашто жената го носела гревот како тафта закоена за рамената, на која секој случаен минувач оставал по еден камен, пригрбавувајќи ја, обременувајќи ја…

Рецензија за „Куќата на џамијата“ од Кадер Абдолах

Додека човек ја чита, и тој живее во куќата на џамијата, јаде од ручекот што Зинат Ханум го подготвува, а го претставува бегството од сопствената беда и обвинување, со секој залак како да ја прежива нејзината проектирана вина, или го гледа Гуштерот, несреќното дете што плаќа за гревовите на своите родители и предци, како доползува низ вратата бесшумно во ноќта.