Скопје, година XVI, број 143-144/ ноември – декември 2022
Ирина Тумбовска
Ирина Тумбовска е родена во Прилеп, 1994 година. Студент е на втор циклус студии на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности на филолошкиот факултет ,,Блаже Конески" во Скопје, каде има и дипломирано во 2016 година. Има учествувано на Млади македонисти и на меѓународна Славистичка конференција. Планините ги чувствува како нејзин дом, сака поезија, танго, црно - бели филмови и што уште не.
„…На почетокот од мојот живот беше болката. Нешто како тивко капење на крв од скриена рана. На почетокот од мојот живот беше љубовта. Нешто како топол ветер кој се појавува да згрее тогаш кога во животот најмногу студи…“