Вознемирени луѓе

Едно утро, на пример, еден триесет и деветгодишник излегол од дома со пиштол во раката, а тоа, согледано вака отпосле, беше навистина потполно идиотски. Оти ова е, значи, приказна за заложничка драма, но смислата не беше во тоа. Или, што ќе рече, смислата беше тоа да биде приказна, но не беше со намера тоа да биде заложничка драма. Смислата беше тоа да биде грабеж на банка. Но се случи сето тоа да отиде поѓаволите, оти понекогаш така испаѓа со грабежите на банки.

Човекот по име Уве

Повторно завладеа тишина. Не многу поинаква од онаа што можеби би настанала меѓу двајца револверисти што одеднаш забележале дека заборавиле да ги понесат своите револвери.