Скопје, година XIV, број 122-123/ 2021, јануари-февруари
Ели Урбина
Ели Урбина е роден во Чимботе, Перу, 1989. Дипломира уметности и магистрира наставни и педагошки истражувања. Автор е на поетските книги „Солта на хиените“, (Плектро Едиторес, 2017) и „Амбисот на човекот“, (Буенос Аирес Поетри, 2020). Неговите песни се преведени на грчки, српски, француски, италијански и англиски јазик. Тој го основал и е уредник на поетското списание Санта Рабија Магазин (www.santarabiamagazine.com).
Одвратна материја. Расцепена супстанција. / Отаде другата темнина, во сеќавањето, едно лице / вреска разоружано. Дали во неговото име е и името на мојата рана?