• Насловна
  • Репер е…
  • Антолог
    • За нас
    • Тим
    • Едиции
    • Основач
  • Архива
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
reper.net.mk - Скопје, година XV, број 137-138/ април–мај 2022 Скопје, година XV, број 137-138/ април–мај 2022
  • Kнига на месецот
    • Збогум, сеништа
      Збогум, сеништа
    • Болка во џебот
      Болка во џебот
    • Бизарни раскази
      Бизарни раскази
  • Книжевност
    • Книжевна препорака: „А Бабукар одеше на чело“ од Џовани Доѕини
      Книжевна препорака: „А Бабукар одеше на чело“ од Џовани Доѕини
    • Бајац / Пиштало
      Бајац / Пиштало
    • Сенката на амбисот во шуплината на светот Луцидната поетика на Ели Урбина
      Сенката на амбисот во шуплината на светот Луцидната поетика на Ели Урбина
  • Расказ
    • ПРДИКОКОС – СЕКВЕНЦИ
      ПРДИКОКОС – СЕКВЕНЦИ
    • Вибрации
      Вибрации
    • МКЦ
      МКЦ
  • Филм
    • Декамерон и Пазолини
      Декамерон и Пазолини
    • Натопено лице од дожд, како прочистување кое носи надеж и слобода – или (25 години од премиерата на „Пред дождот“)
      Натопено лице од дожд, како прочистување кое носи надеж и слобода – или (25 години од премиерата на „Пред дождот“)
    • Кога врбата сака
      Кога врбата сака
Џерардо Масучо

Џерардо Масучо

Џерардо Масучо е роден во Батипаља, близу Неапол, во 1991 година. Детството и младоста ги поминал во соседниот град Олевано сул Тушано. По неговите класични студии во Еболи, во 2010 година се преселил во Милано каде што дипломирал прво авторско право, а потоа и издаваштво на Универзитетот Бокони. Од 2017 година ја уредува поетската едиција Капо Верси за издавачката куќа Бомпијани. Во 2020 година ја основа издавачката куќа Утопија специјализирана за проза, фикција и научна фантастика, чиј воедно главен уредник е самиот тој. Тој е италијанскиот уредник на Никанор Пара, Ана Бландијана, Ан Карсон, Ко Ун, Ида Витале, Наја Мери Ајд и Љубомир Левчев. Неговата поезија е објавена во бројни антологии, списанија, специјализирани книжевни портали и непрофитни книжевни ревии. До тука живееше човек е неговото прво поетско дело. Стихозбирката беше дочекана со одлични книжевни критики во националниот печат како и во периодистиката и беше избрана од жири-комисијата како финалист за шест литературни награди; воедно, неговата дебитантска поетска книга ја доби најзначајната италијанска награда за дебитантско поетско дело, односно 32-то издание на наградата „Камајоре“ и 61-то издание на наградата „Сан Доменикино“ за најдобра прва поетска книга. Делото во моментот се преведува на шпански јазик. Ова дебитантско дело на Џерардо Масучо му пренесува на читателот меланхолична и свесна поезија за мистеријата на постоењето и суштествувањето, во постојана рамнотежа помеѓу непостојаноста на животот, тишината на вистината и отуѓеноста на светот. Со буден, измерен и препознатлив стил, До тука живееше човек е документарен доказ за животот што настанува и се одвива во знакот на минливоста на човечките односи и на љубовта, каде што поетот станува сведок на сопствената маргиналност и воедно е глас на едно искупување што му дава суштина на самото живеење.

Поезија, Поезија27/07/2021

Поезија од Џерадо Масучо

By Џерардо Масучо

Што друго значи тоа што те љубев освен примирје / на копнежот по бидување? / Што друго е освен болка тоа што знам дека / отаде вратата – разоружана – го чекаш / повикот на отсуството?

Ad

Поддржано од:

Ad

За РЕПЕР

РЕПЕР e прв македонски специјализиран месечник за култура и уметност, односно креација и рекреација, oснован во март 2008 година од страна на група македонски писатели и уметници.

© Antolog 2008 / Сите права се задржани
Back to top