Но и јас

Често одам на станицата Остерлиц во понеделник или во петок, кога часовите завршуваат порано. Одам за да ги гледам возовите што минуваат оттука, поради чувствата, тоа е трик што многу ми се допаѓа, да ги гледам чувствата на луѓето, поради истата причина никогаш не ги пропуштам ни преносите од фудбалските натпревари на телевизија, обожавам кога ќе се прегрнат откако некој ќе даде гол, трчаат со рацете високо кренати и потоа се опфаќаат еден со друг околу рамената, а исто така и Кој сака да биде милионер?, треба да ги видите девојките кога ќе дадат точен одговор, си ги ставаат дланките над устата, ја зафрлаат главата наназад, пискаат, а очите им се полнат со крупни солзи.