Скопје, година XVI, број 143-144/ ноември – декември 2022
Борис Тасков
Борис Тасков е роден во 1982 година во Скопје. Во 2008 година заминува во Тајван, каде во 2014 година дипломира на Факултетот по меѓународна трговија при унверзитетот Су-Чоу. Од 2014 година работи како менаџер на проекти во програмерска компанија, при што слободното време и искуството добиено при работа со поединци од различни култури и професии, ги користи да се запознае со психолошките феномени и појави што се случуваат во работните услови и секојдневниот живот. Со цел да добие подобро знаење, студиозно чита и работи на дела од познати психијатри и психоаналитичари какo С. Фројд, К.Г. Јунг, Ж. Лакан, и модерни и класични филозофи како Славој Жижек и Хегел. Насобраното знање надополнето со љубов кон пишаниот збор и филмската уметност му овозможуваат да ги анализира класичните и модерните играни и сериски филмови преку призмата на психоаналитиката. Сето тоа, збогатено со секојдневните настани од неговата блиска околина и светот му даваат инспирација за критички есеи и кратки раскази.
Со останатите букви, составив реченица или две, во која им кажав на научниците дека никогаш повеќе нема да бидам човек, или пак да се вратам во мојата претходна форма.
Старецот носеше наочари со дебела рамка и дебели стакленца чија диоптрија создаваше оптичка илузија дека старецот воопшто нема очи туку само темна вдлабнатини.