За нас

АНТОЛОГ

Антолог е издавач од Македонија основан во 1999 година во Скопје од страна на Александар Кујунџиски. АНТОЛОГ е ориентиран исклучиво кон корпусите од националната и интернационалната продукција чии вредности го минуваат филтерот на времето и историјата, затоа внимателно и трпеливо ги избира своите издавачки проекти. На почетокот, под етикетата на оваа издавачка куќа главно се објавуваат авторските книги на трите генерации автори од семејството Кујунџиски, но подоцна дејноста се отвора кон секое убаво издание за деца и возрасни, од помалку или повеќе познати автори, од Македонија и од светот. Преку своите шеснаесет едиции: Вестибул, Бранови, Бесмртни мисли, Смевотека, Дамар, Моите први книги, Синчец, Цреша, Целулоид, А, Библиотека за деца, Скрши нога, Мозаик, Огнови, Громови, N.B., АНТОЛОГ продолжува да ги прави своите пркосни/пирејни чекори во сферата на книжевното издаваштво во Република Македонија, грижејќи се за квалитетот пред квантитетот. Носечки проекти:

1). Антологии: Антологија на народни поговорки, пословици, сентенции и изреки од целиот свет; Антологија на изреки, афоризми, крилатици, максими, мудри, поучни и духовити мисли од познати и непознати личности од светот; Антологија на изреки, афоризми, максими, мудри, поучни и духовити мисли од Македонија и Антологија на најубавите љубовни писма се досега реализираните проекти; Истражувачко-собирачка дејност.

2). За изострен ум; Со акцент на едицијата „Бранови“ и со електронското списание „Репер“ – промовирање естетски мерила и креирање релевантен и позитивен однос во сферата на уметноста и креативноста кај сите генерации во Македонија.

3). Сакам книга од Александар Кујунџиски на сите јазици на етничките групи кои живеат на тлото на Република Македонија; Досега, објавена на: македонски, албански, српски, турски, ромски, влашки, босански/бошњачки, словенечки, хрватски, германски и црногорски јазик. Преводна дејност.

4). Откривање млади автори и автори-дебитанти; Обединување под еден креативен покрив на сите вредни млади автори како дел од Млади гласни гласови.