Во чизмите на генералот или во шинелот на Гогољ

ШТО Е ТОА што им овозможи на писателите, сликарите и композиторите од земја која ги пропушти хуманизмот и ренесансата, да ја вивнат руската култура во вечна слава и да го задолжат светот со едни од најдобрите ремек-дела на светската уметност?

Во чизмите на генералот или во шинелот на Гогољ

(Еден пар војнички чизми се поважни од сите Пушкини и Шекспири на светот – Непознат генерал од средина на XIX век во Русија)

Воената криза на истокот на Европа придонесе за (сè уште) изолораи напади на, можеби, најмоќниот симбол на Русија, а тоа е нејзината култура, односно литература, уметност и музика и нејзино вмешување во геполитички контекст.
Колку и да е неоснована и ЗА осудување агресијата на Русија кон Украина, а со тоа и оправданиот револт кон денешната руска политика, ставањето во ист контекст, па дури и повиците за палење руски класици и дела, секако дека Е НЕОПРАВДАНО.
Во секој случај, можеби е право време за малку подлабинска анализа и вивисекција на културата со која Русија го задолжи светот, особено на крајот на XIX век.
Имено, во историски контекст, и покрај милениумската историја, највредното парче културолошка историја на Русија може да се смести во еден век (славниот XIX век).
Тој XIX век овозможи една земја, која е без поголема книжевна традиција за разлика од староримската или старогрчката, француската или британската, да создаде вечни ремек-дела кои ја врамија руската литература рамо до рамо со претходно споменатите.
ШТО Е ТОА што им овозможи на писателите, сликарите и композиторите од земја која ги пропушти хуманизмот и ренесансата, да ја вивнат руската култура во вечна слава и да го задолжат светот со едни од најдобрите ремек-дела на светската уметност?
Тој огромен бирократски систем на цензура, кој почнал да попушта после реформата од 1860 година, па сè до првите години на Октомвриската револуција, во голема мера овозможил слобода, можност за изразување и процут на демократската руска мисла.
За само 60 години релативна СЛОБОДА на МИСЛА, во Русија се изнедриле: Пушкин, Гогољ, Достоевски и Толстој, Тургењев, Чехов… или на полето на композиторите: Петар Илич Чајковски, Мусогорски, Римски-Корсаков…
Најважниот дел од руската култура во својата милениумска традиција и историја е сместена во тој нецел век, кој овозможил развој и процут во полн сјај на генијалноста на руската културна сцена и рускиот народ. Замислете го потенцијалот на тој народ доколку може да се ослободи од стегите на цензурата, автократијата и загушувањето на слободната мисла. Правецот нихилизам, на пример, е силно поттикнат од делото „Татковци и деца” на Тургењев.
Секако, не било сè така глатко и едноставно на почетокот на тој период.
Предвесник на руската „пролет” секако е Пушкин, чии текстови и творби особено биле иритантни за тогашната власт. Напаѓан од црковните достоинственици, омаловажуван од разни грофови, полициски и бирократски службеници, пропратен со цензури и прогонства, сепак го најавил процутот на новиот бран во руската литература.
По него следува Николај Гогољ со маестралните дела „Ревизор” и „Мртви души” (една дигресија со цитат од „Мртви души”- „Aх колку е жална и тажна наш’та Русија”). После Гогољ настанува вистинска креативна експлозија во рускиот книжевен простор и вивнување на руската култура на рамниште на најголемите светски достигнувања. Русија на Достоевски и Русија на Толстој се секако различни, но и двајцата писатели се класици кои допреле до душата на секој читател на планетата.
Медениот месец на руската литература трае до Октомвриската револуција во 1917, а завршува со, можеби, пророчките зборови на Владимир Илич Уљанов Ленин „Секој уметник има право да создава слободно, но ние комунистите мораме да му го покажеме патот во согласност со планот” или каузата „Ние ги водиме вашите пера”.
Toa ќе доведе, речиси, до нивно бришење од книжевната мапа, без елементи на генијалноста на руската културна сцена, без квалитетни литературни дела скоро во целиот советски период (освен дисиденти како Солженицин, Шаламов) и ќе доведе до ангажирана литература без поголема вредност, која на моменти е дури и патетична и предизвикува лошо варење на храната.
Следниот извадок е од „Големото Срце” на Антонов објавен во 1957 година.
Еден есеј на Набоков, на база на чии есеи, скици и мисли е овој текст кој посебно се занимава и го цитира овој извадок:
Олга молчеше.
– Ох, – извика Владимир. – Зошто не можеш да ме сакаш, како што јас те сакам тебе?
– Јас си ја сакам мојата земја – рече таа.
– И јас си ја сакам – извика тој.
– Но има нешто што го сакам уште повеќе – продолжи Олга, ослободувајќи се од прегратката на младиот човек.
– Што е тоа?
Олга го погледна со бистрите сини очи и набрзина одговори:
– Партијата.
БЉАК!

(Посветено на слободномислечките луѓе во Русија)

Напишано од
More from Душко Гошевски
#1 За изгубената генерација (или тешките времиња раѓаат силни луѓе)
Всушност во најголем дел се работи за потаен превез на љубомора, на...
Повеќе
0 replies on “Во чизмите на генералот или во шинелот на Гогољ”