Табакерија

Денеска сум поделен меѓу верноста, / што ѝ ја должам на Табакарија од другата страна на улицата, / како нешто вистинско однадвор што постои, / И чувството дека сѐ е сон, / како нешто вистинско однатре што постои.

ТАБАКЕРИЈА

 

Јас сум ништо.

Никогаш нема да бидам нешто.

Не можам ни да посакам да бидам нешто. 

А сепак во мене ги чувам сите сништа на светот. 

Прозорците од мојата соба,

Во мојата соба една од милионите во светот

каде што никој не знае кој е

(а кога би знаеле кои се, што би знаеле?)

гледаат кон загатката на улицата полна луѓе

вкрстена со улицата недосеглива за ниту една мисла, 

стварна, невозможно стварна, извесна, неспознато извесна,

со тајната на стварите под камењата и под суштествата,

со смртта во влагата по ѕидовите

и со седите коси на луѓето,

со речение да ја возат кочијата на сештото по улицата на ништото. 

Денеска сум победен, како да сум ја спознал вистината.

Денеска сум остроумен, како тукушто да умирам.

И како да немам повеќе братство со стварите

Освен збогување, штом овој дом и оваа страна на улицата станаа

Редица вагони на воз, и пискотно бегање

Внатре во мојата глава,

И трепет на моите нерви и крик на коските во заминување.

Денеска сум збунет, како некој што мислел и смислил и заборавил.

Денеска сум поделен меѓу верноста, што ѝ ја должам на Табакарија од другата страна на улицата, како нешто вистинско однадвор што постои,

И чувството дека сѐ е сон, како нешто вистинско однатре што постои.

Во сѐ погрешив.

И бидејќи немав никаква намера, можеби и сѐ беше ништо. 

Знаењето што ми го дадоа

Го спуштив низ прозорецот одзади куќата.

 

Препев од португалски: Наташа Сарџоска

Тагови од објавата
Напишано од
0 replies on “Табакерија”