Песни од Франко Фортини

Од циклусот песни „Просторот“

 

Просторот на нашиот предел доволен им е на лисиците
што се немуштоскудни и се хранат со ситни птици
онаму кајшто отпадот кон сонцето ги исфрла
од зимскиот поредок останките и наѕира
убодот на врапчињата и несигурноста на мачките
низ просторот пропишан преминува.

 

Никогаш тука не биле големи облаците
ниту пак надоаѓаат од други земји. Тука, ако во телата
на луѓето животот се распаѓа
блескави поворки ги придружуваат и
со одбивност роднините ги спружуваат вземи.
Редовниот авион остава на небесата блескав свод.

 

Има и такви што ќе сетат расцеп в умот
зашто е тегобно кога гордото море, кревките врзопи,
ѕунењето на возилата, расудувањето на луѓето,
сѐ, сѐ, сѐ ни говори за исчезнатите ствари
што никој повеќе не ги чека.
Има и такви што страдаат

 

иако страдањето не вреди.

 

 

Препев од италијански: Наташа Сарџоска