Поезија од Горазд Китановски

Еден човек, може да го промени светот.

Само еден човек може да го промени светот.

Барајќи го немо, човекот

што ќе го промени светот.

Дали би го променил ти него? Дали воопшто

би го променило него нешто?

Прашувам,

и за човекот

и за светот

и за се во него.

 

 

Кога какаш не си свесен за миризбата во тоалетот,

но доколку излезеш и повторно влезеш – „те удара јако“.

Истото се случува и кога ќе се вратиш во Марседонија.

 

Ме боли.

Не сакам да се вратам.

Се плашам.

 

 

Деновиве се чудни

ноќите долги,

во воздухот пиркаат

меланхолични ноти.

Сега барам мотив

но не е достапен

од нашава земја

одамна е отиден,

а за година-две?

Не знам кој ќе остане,

од два милиони

изгледа

само они.

 

А искрено ме боли

за моја генерација,

протести уште

од две и четиринаеста.

Ах.

Ние ја почнавме

они злоупотребија

поставивме идеја

они само седишта разменија.

 

Но духот наш е бунтовен

креативен и неизморен,

слухот ни е изострен,

измамен и критичен

 

Ве сакам неизмерно

сите вас бунтовници,

уметници, музичари

Хаслери, мислители.

Сите ВИЕ,

што не се плашите,

што не молчите,

Сите вие

Што упорно се обидувате

вредност да изградите,

те молам не заборавај,

огромно срце во градите

Ништо не ќе го застане!

 

Можеби е добро

што тука сме се родиле

израснавме во борци

силни сме и се бориме

Па затоа кај и да одиме

ни е премногу лесно

кога си проодел во кал,

танцуваш на бетон.

 

Макионичар – Човек што си создава маки од сè, во било каква ситуација