Осврт за „Лавр“ од Евгениј Водолазкин

Од посочувањата на времето сѐ почесто му паѓаше напамет зборот ЕДНАШ. Тој збор му се допаѓаше затоа што го совладуваше проклетството на времето. И, ги утврдуваше единственоста и неповторливоста на сите настани – ЕДНАШ.

Уф, добро возење беше Лавр.
Да бидам искрена, на почетокот мислев дека нема да ми се допадне, дека не е за мене, ама се покажа како книга која се издигнува во планина.
Приказна за љубовта, за жртвувањето, за нашите слабости и гревови, за вербата во доброто и исправното. На сите нас животот ни пружа шанси, на некои повеќе, на некои помалку, да го победиме злото и да се издигнеме над него. Прифаќајќи го предизвикот, си ја спасуваме не само својата душа, туку и човештвото.
Да знаете, ова не е книга „во еден здив”, ова е многу длабока книга, како океан.
Моја препорака за сите. И за оние кои веруваат во бога и за оние кои не веруваат.
Некој ако ја прочитал Авијатичарот, или и двете, нека сподели мислење.