Вашите најкреативни одговори на нашите предизвици

Драги наши,
Како што ви ветивме, во овој број ќе бидат објавени вашите најинтересни одговори на нашите предизвици поврзани со #10денаЕУлитература. Во продолжение следуваат најкреативните од нив.

 

Предизвик број 1 поврзан со „Неверојатната приказна за џиновската круша“:

 

Предизвик број 2 поврзан со „Ана“:

Мадам, Калабалак, Идивиди, Невен, Тегет, Сорос, АББА, Репер, Око
Дебел лимар врамил лебед; Ами и Блаже жалби има; А бре во ден недоверба; Е навечер тоне денот, рече Ване; Му нема рамен ум; Е не чини, циничен е; И Мајами има јами; Кирил е лирик. – Тања Петковска

Николо Аманити – авторот кој знае да те натера да го засакаш стравот и секое ново е градација на претходното. Воодушевена е мала придавка за да се опиши неговото специфично. “Ана” е еден своевиден Биг Бенг, читајќи ја како да го отскривате тајниот свет на минијатурен хомоеректус. – Јована М. Атанасова

 

Предизвик број 3 поврзан со „Во сенката на злосторот“:

Мистиката е проклето добро исплетена во книгата на Хеншен, можеби плетките се дел од нејзината првобитна професија-дизајнер, но исто толку и во автобиографското сиже, како директно имплементиран лик во приказната. Секој роман за да излезе од својата сувопарна и комфортна зона, имплементира убиство но она по што “Во сенката на злосторот” се разликува е една надреална сцена, една паралелна рамнина во која читајќи ја се развиваат многу парадигми и прашања. Феминистички ставови вденати низ суптилно чувство како е да се чекори во чевлите на г-ѓа Сидорф, во спомените на малата и невина Хелена, која стои во сенка на еден злостор оживеан преку сонцето на нејзините реченици… – Јована М. Атанасова

Мистериозна и уникатна, а сепак воодушевувачка вистинска приказна која секогаш ќе ве дигне од петици за да ја читате повторно и повторно. – Љупка Митевска екс Андовска

 

Предизвик број 4 поврзан со „Воспитувањето девојки во Чешка“:

Најдобриот совет ми го даде мојот покоен татко, мојот зен мајстор 🙏❤ А истиот гласеше – ,,Мислити, ср@ти и цвеќе брати, није исто”. Што во превод значи, да се мисли, да се збори и да се направи нешто по некоја проблематика не е исто. Џаба филозофирање и мислења без акција. – Ана Томова

Советите од мајка ми се безбројни, толку длабоки и со цврсти нозе се потпираат на земја, што не можам да издвојам само еден. Но затоа на ќерка ми, уште од сега, и’припремам скромен прирачник со инспиративни мисли… Еве дел од нив:
1. “Тебе ти се дадени повеќе можности. Да мислиш. Да одлучуваш. Да прифатиш или одбиеш. Кога еден сончоглед одбира да се сврти кон сонцето, зошто твој избор би бил сенката?”
2. Кога монетите би имале две идентични страни никогаш не би ја помешале единицата со петката нели? За жал така се градени и луѓето, да ги разликуваш по лицето, а не по тоа што на грбот го носат…
3. Азбуката има само 5 самогласки, а тие ни’ се најпотребни, неопходни за да составиме збор, реченица, да разговараме. Така е и со пријателите… – Јована М. Атанасова

 

Предизвик број 5 поврзан со „Голманката и морето“:

Со брат ми игравме фудбал дома во дневна и го скршивме лустерот, па потоа мајка ни не бркаше со сукало по целата куќа. – Моника Здравкоска

Во моето мало имаше две улици. Едната улица со децата од другата улица не се сакавме. И решивме да си правиме да ни биде забавно. Прво ние им направивме на нив една ситуација. Земавме една вреќа со песок и ја ставивме на дрво каде што се играа , ја заврзавме со јаже и им се истури над глава. Тие нас ни вратија со тоа што се облекоа во чаршави како духови и почнаа да викаат од далеку и бидејќи се слушаше ние отидовме да видиме за што станува збор. Кога ги видовме во бело не знаевме дека се они и отпрво многу се исплашивме. – Ања Боевска

Кога бевме мали јас и брат ми секое животно кое ќе го најдевме го носевме дома па така еден ден си дојдовме со речни ракови. – Цветанка Стојковска

 

Предизвик број 6 поврзан со „Невидливиот чувар“:

Предизвикот прифатен: Ги отвори тешките очи, мислиш со дебел слој лепило беа залепени. Полека се отвора планинска шир, со жубор на поток, кој можеби е подалеку, но се слуша. Се осврнува лево десно, сѐ е прекрасно, горе сино небо, но долу…? Зошто нозете и се на бела подлога? Чекај. Каде е таа? Во природа или затворен простор? И зошто не е врзана како на крими филмовите, туку седи удобно во голема кожна фотелја? И зошто мора да се споредува со крими филмовите? И зошто се слуша црцорењето на птиците, ако е во затворен простор? Но како се најде тука? Почна да и се мати во очите, не знаејќи дали е јаве или сон, но во тој момент заѕвони телефон? Од каде? Ладниот под е празен а на ѕидовите нема полици или така барем се чини. – Мартина Павловска Дурланова

Вратата полека се отвори. На прагот се појави ТАА, со разбушавена коса, збунет поглед, стиснати усни и положба на телото кое покажува нешто чудно и интригантно. Едвај го крена погледот кој беше закован за подот и со тивок збор проговори – Се вратив… #10денаЕУлитература – Катерина Јаневска

Има ли нешто повкусно за трилерољубец вљубен во магијата на шпанските писатели, од ваков наслов? Колку митови градат една реалност? Прекрасно обоени, баскиски пејсажи, не од четката на Пикасо, но од зборовите на Редондо. Шпанската жега, се пренесува читајќи го делото, преку допирот на страниците, ја притоплува крвта. Иако заплетот е вртоглав, секое парче си доаѓа на место, како последното од сложувалка. “А must read” роман. – Јована М. Атанасова

 

Предизвик број 7 поврзан со „Двојно стакло“:

Би се вратила во времето на Маите. Биле добри познавачи на астрономијата и астрологијата. Фасцинирачки е како, со оглед на фактот што немале некои софистицирани астрономски помагала за пратење на универзумот, сепак, со зачудувачка прецизност ги одредувале движењата на планетите, ѕвездите, кометите… – Елена Филипоска

За време на просветителството.Тогаш се случувале вистинските работи. – Борјана Микиовска

Во времето на Шекспир, т.е. во ренесансата. Заради валканоста, мизеријата, несреденоста на градскиот живот, заради ослободеноста на духот од современиве технички и материјални стеги, заради стегнатите корсети и модата на кадрици 🙂 – Ања Боевска

 

Предизвик број 8 поврзан со „Совршената дадилка“:

“Тоа што се крие одвнатре, не може да биде видено однадвор…” Така би ја почнала. Долго време ја меркам, прочитав поделени мислења за книгава, но сепак, би сакала да ја имам во домашната библиотека ❤️ #10денаЕЛитература ❤️ – Јане Мони Божиноски

Ајде да пробам еден почеток од мене 😊Одамна ми е на листа за купување инаку книгава…
Седна на терасата и го вдиша чистиот воздух, не знаеше што ја тера да го прави тоа ама чувствуваше огромно задоволство, само во позадината на нејзината потсвест сеуште се слушаа детски лелеци кои полека полека се стивнуваат… – Магдалена Панева

Тоа утро се се смени… Со оваа реченица би ја почнала оваа книга👍 ✨Баш би сакала да ја прочитам бидејќи сум голем фан на трилери✨ #10денаЕУлитература – Катерина Јаневска

 

Предизвик број 9 поврзан со „Куќата на џамијата“:

Кога сите би се скрасиле барем со малку од добрината на Ага Џан. – Алекс Ристовски

Кадер Абдолах е еден од оние извонредни и исклучителни раскажувачи на приказни од минатиот век. Можам да замислам како со група слушатели седиме околу оган додека Абдолах нè плени со својата раскажувачка дарба. 🙂 За жал, авторот дава увид во историјата на еден прекрасен народ, но на општество кое престанало да напредува. Абдолах ја буди нашата фантазија и ни дава обемен материјал за размислување.
Да се разбереме, Куќата на џамијата е едно од оние книгишта за 5+. Кој ја прочитал, ќе потврди. Се работи за приказна на едно семејство или, поточно, приказна за куќа која опстојува 800 години. Дејството започнува во Сенеџан, Иран – традиционален град за ткаење килими, во последните пет децении, од времето на Шах, сè до револуцијата и нејзините последици. Модернизацијата во почетокот лека-полека се провлекува во домаќинствата, а потоа се чини дека зема поголем зафат и станува (ин)директен виновник за случувањата во Иран.
Главните ликови се дел од семејството кое е сопственик на куќата на џамијата во која жителите се сретнуваат за молитви и каде што живее и самото семејство заедно со имамот на џамијата. И самиот имам Ага Џан вели: имамите се менуваат, но џамијата е тука 800 години.
Нивниот животен стил е многу поразличен од нашиот. Кога првиот човек ќе слета на месечината, тие специјално за таа пригода купуваат телевизор за да можат да го следат настанот. Ова е приказна каде што културните, социјалните и политичките настани се испреплетуваат со семејните, каде што членовите ќе бидат директно или индиректно вклучени во сите големи историски настани од тоа време. Од една страна, колку и да не се согласувам со некои одлуки на главниот лик Ага Џан во врска со жените, од друга страна му се восхитувам на човекот за борбата за неговото семејство, достоинство и вера. Не секој ја имаа таа сила за борба, како што впрочем го проследуваме тоа и низ приказната. Задолжителна книга за читање. – Денис Бојаров

Religijata koja spojuva dobar del od svetot, se radikalizira i pocnuva da go deli i krsi mirot i zivotot. Ironicno se toa se slucuva so cel da se zazisti istiot toj poredok koj vo isto vreme se uriva. Ova e dokaz deka ne mozes da go zapres napredokot i globalizacijata. – Татјана Ристоска

 

Предизвик број 10 поврзан со „Клуб на обожаватели“:

Стариот изглед на градскиот парк. Мноооогу повеќе дрвја, од кои најповеќе ми недостасуваат високите тополи – домови на илјадници птици кои во јато се разлетуваа и пак се враќаа назад. Старите клупи во делот “Плава лагуна” кај што ги поминав тинејџерските години – секогаш беа преполни со млади, а сега е празно, штуро, без клупи, запустено… По обичај, кога било жешко, секогаш сум ја одбирал десната шетачка стаза. Ми се чинеше дека имаше подлабоки сенки за разлика од левата, секогаш осветлена и вжарена. Ноќе, сето сонце насобрано од денот испаруваше помеѓу стотиците граѓани кои многу посреќно (за разлика од денес) живееја. Сончоглед за 5 или 10, пуканки, сладолед на точење, тост од 25 (само со шунка), и уште 25 за сокче или вода од трафиката. Подоцна, цигари за 10 и мастики од 5. Малку требаше за цел ден да седиме во паркот и да бидеме среќни. Култно место беше, ѐ и, несомнено, ќе остане. Без разлика на промените кои ги доживеа – ги преживеа. – АНенад Јованов

Kaj нас во Битола, градот кој цутеше до 1990-те, а потоа беше гранатиран со културен застој, или барем пуч, обид за таков застој, историјата на журки и излегувања започнува со старата чаршија. Потоа беа Барот и шетањето низ познатото Корзо, Офицерски и кафанчето на Тумбе-кафе, ресторанот Вардар, Свинг ла Синема, подземниот објект, Млечниот ресторан, Магнолија и куп други, во кои не сум присуствувала. Од носталгијата на мојата младост ќе ги истакнам собирањата во паркот, пеењето и свирењето на гитара, проследено со добар муабет и пиво 🙂 Сега, ни остана само тоа, носталгијата по боемскиот дел од нашата боемска и непреболена Битола 🙁 Дедо ми, кога го слушав како раскажува за стариот град, кој очигледно модернизацијата и политичката инфраструктура го уназади, со воодушевување расправаше за секоја фиданка која над земја се подала и пораснала во раскошно дрво, за секој камен кој го газеле пајтони и конзули, по кој чекорел и Ататурк и Делчев. За Ат пазар, каде бил обесен големиот јунак Александар Туринџев, за Дембeл чаршија, Јенимаале и Кркардаш. Е тука веќе срце се расплотуваше и душата потпукнуваше како и трупците во печката. Дедо ми, за жал, беше последниот мост кон таа Старобитолска сага. Тој и уште неколку монографии, кои младината гордо ги избегнува во библиотеката, заради некои сувопарни бестселери. – Јована М. Атанасова