Кон „Ана“ од Николо Аманити

Е сега, прашањето е зошто Аманити ги одбрал само децата, зошто го одбрал светот во кој нас нè нема, во кој ние возрасните сме жртви?! Затоа што целиот животински, па ако сакате и растителен свет, живее во симбиоза, ОСВЕН човекот! Затоа што алчноста ќе нè убие!

Ваков апокалиптичен роман до сега не сум читала. Толку е поврзан со ситуацијава, што ме тера да мислам дека некои писатели живеат со визија, гледаат во иднината, пред времето се!
Станува збор за вирус кој ја убива целата возрасна популација, преживуваат само децата. Оставени на милост на природата и условите, изгубени во просторот, почнуваат да се организираат во орди и да создаваат илузии дека лекот за повторно оживување на човековиот род се наоѓа во нивните наивни и детски божествени креации.
Силата на овој расказ лежи во апсурдноста, страдањата и трагедијата што паѓа врз детските ликови. Главниот карактер Ана е осмислен со намера да ни ја прикаже едноставната и примарна филозофија на човековото битие, кое за жал, ние денес сме ја заборавиле.
Ана е силен лик, препушена на суровиот распаднат свет во кој треба да преживее не само таа, туку и нејзиниот помал брат. Водена од сопствената храброст, којашто ѝ ја доделил авторот, соочена со страшни искушенија, тоа го прави на секој можен и снаодлив начин. ДА БИДЕШ ВОЗРАСЕН, КОГА НЕМА КОЈ ДРУГ!!!
Срцето ми се стегаше додека читав и цело време се обидував да си ја замислам иднината во која едни мали деца треба да почнат да градат нова цивилизација и да создадат нов свет.
Она што мислам дека мене вечно ќе ме прогонува е моментот кога гладот ќе ги натера да ги одведат кравите до балконот на еден трговски центар и ќе видите зошто; и две ќеси, две здрави и цврсти ќеси… Нема да ви кажам, ќе прочитате, тоа болеше толку многу што не можев да заспијам.
Е сега, прашањето е зошто Аманити ги одбрал само децата, зошто го одбрал светот во кој нас нè нема, во кој ние возрасните сме жртви?!
Затоа што целиот животински, па ако сакате и растителен свет, живее во симбиоза, ОСВЕН човекот! Затоа што алчноста ќе нè убие!
Овој роман не е обичен роман во кој е раскажана некоја приказна, а и не знам во кој жанр спаѓа, зашто колку и да е фикција, еве нè денес, на праг на војна за опстанок. Овој роман носи силна порака од универзални димензии и би требало сите да го прочитаме, затоа што светот бара колективна одговорност!
Изданието е на „Антолог“ и можете да ја нарачате на нивната страница, додека трае карантинот, и нема подобар момент за читање од денешниот, да имаме време да размислиме, што ни треба во животот, колку би ни било ДОВОЛНО!
Ваква книга спаѓа во задолжителна литература!

Тагови од објавата
Напишано од
More from РЕПЕР
Вистинска вода
Загубен во лавиринтот од тезги на еден огромен пекиншки пазар се сетив...
Повеќе
0 replies on “Кон „Ана“ од Николо Аманити”