Хуморот како оружје против немилосрдноста: Кон „Средни години“ од Алеш Мустар

Моќта на стиховите на поетот Мустар лежи во хуморот, или пак обратно, Мустар им дава на стиховите моќ преку хуморот - онаков црн или како што самиот на едно место вели налудничав хумор. Така, стиховите стануваат оружје против немилосрдното секојдневие.

Со поезијата на Алеш Мустар се запознав пред 15 години преку книгата „Суд(бин)ско толкување“ негова дебитантска книга, преведена и објавена кај нас од „Блесок“.
За оваа книга, тогаш во 2005 година, пишував еден кус текст како радио-осврт за дебитансткото дело на Алеш. Се сеќевам дека и тогаш како и сега, го имав чувството дека се среќавам со неверојатно луциден, прониклив поет, со силна смисла за хумор, иронија, самоиронија, па и цинзам, но и со невидена емотивност во својот навидум банален поетски светоглед, каде личното/интимното е сопоставено на она објективнотоили реалното.

Читајќи ја „Средни години“ во превод на Лидија Димковска овој впечаток ми се потврдува уште повеќе. Патем, љубопитството е дотолку поголемо, затоа што книгата беше номинирана за највисоките поетски награди во Словенија „Јенко“ и „Вероника“, а влезе и во најтесен избор на критичко-поетскиот фестивал „Прангер“.
„Средни години“ е составена од 50 песни поделени во 3 циклуси: „Тука“, „Таму“ и „Никаде“.

Во првот циклус според насловот поетот тргнува од тука, од себе, од она околу себе и „пее“ од себе кон надвор. Поетските слики се непретенциози, неоптеретени со метафори и намерно користени стилски средства. Напротив, Мустар се одлучува за едноставен, лесно разбирлив јазик, за стил достапен и читлив, за стих кој напати се доближува до прозата. Интересот на поетското„јас“ кое тешко е да се оддели од автобиографскиот глас, е во сè што го опкружува, допира, мачи и обесхрабрува обичниот човек. Но, сепак нели поетот не е обичен човек, тој е триж посензибилен од обичните смртници, па нештата ги чувствува посилно, поинтензивно, поболно.
Моќта на стиховите на поетот Мустар лежи во хуморот, или пак обратно, Мустар им дава на стиховите моќ преку хуморот – онаков црн или како што самиот на едно место вели налудничав хумор. Така, стиховите станувааторужје против немилосрдното секојдневие.

Во циклусите постои просторна градација на светот: од домот, преку семејството, низ Љубљана, Словенија, за потоа да се шири низ Европа. Така вториот циклус е вистински светски низ многу културни и туристички центри и метрополи. Чувствата што се заеднички за сите три дела, односно за збирката во целина се исти: иронијата, самоиронијата, цинизмот. Тие се однесуваат на личниот интимен свет, на односот кондругите, но и на општествените и светски случувања. На пример, уште во првата песна „Семејна градина“ пишувајќи за градинарството вели: „во дежалата под Алпите/ во последно време тоа е единственото култивирање“.
Општествената критика е присутна речиси во сите песни, не ретко поетот пее за ситуациите дома, во Словенија, или/и надвор од нејзините граници, ситуации што нè допираат сите, а не само човекот што ги чувствува своите средни години. Тоа дома и надвор е слично на она јас – внтаре и надвор од мене како две насоки, или пат со две ленти низ кои се движат нештата што поетот ги гледа, но пред сè чувствува.
Уште еден силен аспект што провејува низ циклусите е одност кон минливоста на времето, па и животот, чиј опонент е смртта. Таа пак, смртта, низ стиховите ја има секаде помалку, низ досетки, алузии, за во „Никаде“(трет циклус) да биде и вест од дневните весници, слика од некролог или последно збогум за драг пријател.
во задниот дел од градината/
таму во октомври ќе расцветаат хризантемите
со кои наесен ќе се перчиме на гробиштата.

Хуморот е интересен, луциден, самоироничен, кога за нешто се потсмева или исмева не се исклучува себеси, не ја исклучува ни сопствената поезија ни поетика, автопоетските забелешки се присутни насекаде „наместо ѓубриво, користам стихови/пријатни за околината, биостихови“.

Понекогаш малку тажно заклучува: се чувствувам како во кадар на емисија за литература.
На ваквиот навидум меланхоличен, но и самоироничен стих му се спротиставуваат силните сурово-реални слики пред кои поетот молчи или извикува прашање:
Дали Средоземното море сè уште ќе биде исто сино/
по толку многу проголтани човечки тела?

Тој – поетот не ги затвора очите пред болките инеправдите во светот, пред глобалните поместувања и пред човечките жртви. Таа емпатија во светот кој заборава на човекот, кулминира со песната „Реквием за Ајлан Курди“ детенцето кое се удави во Егејското море и чија слика го обиколи светот, а социјалните мрежисе погрижија за патетика, па и вулгаризирање на неговата смрт.
Мустар отвора не само прашања, ами и очи за нештата пред кои вртиме глава на друга страна:
„Рибите и полноглавците не се повеќе наши/
ние луѓето не сме повеќе браќа, ни по Исус ни по Тито“.

Речиси секој стих од книгата е вивисекција на XXI век, во кој мора да се движиме, па можеби затоа вели пишувам стоејќи.
Мустар низ „Средни години“, кои ги опева и буквално и биолошки и самоиронично, дава пресек и на годините во кои живееме, каде човекот има сè помалку време и чувствоза што било:
новиот век е обележан со прогонство,
а и јас таму засекогаш
го загубив својот дом.

Мустар е досетлив и прониклив. Неговиот поетски глас е глас на човек кој се труди да не ја изгуби емпатијата, кој се бори против бесот од невниманието, против суровиот капитализам, во кој орбитрекот е новиот бог исправен во спалната соба, затоа што не можеме да го пикнеме пред кревет.
Тој заклучува дека во тој и таков свет нема место за поетите. Тука мислата ми лета кон она вечното прашање „Чуму поети во скудни времиња?“, на кое мислам дека Мустар би можел да се надоврзе со:
заради осовременување на животниот стил/
засекогаш го затворија музејот на литературата/
кој и самиот стана историја.

Во еден ваков не-век, кога човекот е во средни години и билошки и метафорично, мора да внимава на патеката на срцето. Таа во „Средни години“е трасирана од Тука кон Таму и доаѓа до Никаде (некаде?) кое завршува со:
само купишта пластика/
и свет како згаснат екран
на паметен телефон.

Тагови од објавата
More from Александра Јуруковска
За посебната линија на несоницата: За „Несоници“ од Ерол Туфан
Во ерата во која живееме, кога секоја информација е лесно достапна информација...
Повеќе
0 replies on “Хуморот како оружје против немилосрдноста: Кон „Средни години“ од Алеш Мустар”