Кон филмот „Евтини приказни“

Кога сме кај литературните влијанија Тарантино го споменува и прославениот Селинџер за чии книги вели дека не се напрега многу да ги прочита од причина што сака да ги чита како мала награда која сака да си ја дава низ целиот свој живот. Најверојатно јасноста, читливоста, симболизмот, но пред сè иронијата во Селинџеровите дела се нештата кои го привлекуваат неговото внимание.

Евтини приказни ги споделува фетишите на својот предок: насилството како правило, стилизирано врз патологијата, сиже разгрането како апсурдна, садистичка игра; херметичен, атемпорален, но сепак со ретро чувство за нијансиран финален производ.
„Евтини приказни“ е структуриран врз три различни, но поврзани приказни: мафијашкиот платен убиец Винсент Вега е главниот манга во првата приказна, налудничавиот боксер Буч Колиџ во втората, а Винсентовиот колега (исто платен убиец), Џулс Винфилд, е главен во третата приказна. Иако секоја од приказните се фокусира на сосем други серии на инциденти сепак тие се поврзани меѓу себе.

Филмот почнува со ликовите на Пампкин и Хани Бани потоа приказната продолжува со Винсент, Џулс и Буч и неколку други ликови вклучувајќи го и мафијашкиот шеф Марсел Валас, неговата сопруга Миа и Мистер Вулф, човек од подземјето задолжен за „чистење“ ситуации. На крајот, приказната се враќа оттаму од каде што започна, во ресторанот.
Вкупно постојат седум наративни секвенци (на тие три главни приказни им претходат наслови на екранот):
1. Пролог – Ресторанот I
2. Вовед во „Винсент Вега и љубовницата на Марсел Валас“.
3. Винсент Вега и љубовницата на Марсел Валас.
4. Вовед во „Златен часовник“ (а. флешбек, б. сегашност)
5. Златен саат.
6. Ситуацијата со Бони.
7. Епилог – ресторан II

Кога овие седум секвенци би се наредиле хронолошки тогаш тие би оделе по следниот редослед: 4 а. 2, 6, 1, 7, 3, 4б., 5. Секвенците 1 и 7 и 2 и 6 делумно се преклопуваат и тука се презентирани различни погледи. Наративниот редослед со сите свои насоки е всушност кружен со оглед на тоа што секоја последна сцена се преклопува со првата.
Пампкин и Хани Бани додека појадуваат во ресторанот, одлучуваат да го ограбат не само ресторанот, туку и гостите во него.Двајцата ликови потсетуваат на некои модерни верзии на Бони и Клајд. Се чувствува првична напнатност во исчекување на исходот од таа кражба кога сцената уште во самите почетоци се прекинува и се појавува најавната шпица.Додека Џулс вози, Винсент Вега го полни своето оружје и говори за своите искуства во Европа од која тукушто се вратил – за хашиш барот во Амстердам; во францускоиот McDonald’s и неговиот бургер со сирење. Оваа сцена, иако можеби за тоа не е свесен самиот режисер, најдобро ја отсликува појавата на глобализацијата во 90-тите години и ширењето на американската култура насекаде во светот. Ортаците се облечени во одела и се на пат да ја земат актовката од Бреткој направил беља кај нивниот шеф, гангстерот Марсел Валас.

Во меѓувреме, Џулс живо му раскажува на Винсент како Марсел турнал некој тип од четвртиот кат само бидејќи се осмелил на неговата љубовница да ѝ ги измасира стопалата. Марсел Валас е дебел Афроамериканец, крут, нервозен и немилосрден, каректеристики кои оддаваат впечаток дека тоа не е софистициран мафијаш, туку (довчерашен) уличарски мафијаш кој од неодамна почнал да се бави со покрупни мафијашки работи.Кај ликот на Винсент кога ги слуша овие ексцеси на неговиот шеф се јавуваат првите симптоми на паника и страв од причина што наскоро тој ќе треба да преземи обврски спрема сопругата на Валас.
Потоа приказната нè води во стан во кој после серија филозофско препирање и зафркавање обајцата го убиваат Бретна драматичен начин, откако Џулс ќе го изрецитира своето злокобно библиско пророштво.Тој негов гест многумина критичари различно го толкуваат, но се чини дека тоа е само еден стил „сакам-да-кажам-нешто-што-звучи-мудро“ од страна на Џулс и ништо повеќе.Следната сцена нè носи во еден празен коктел-бар во ретро стил, каде боксерот Буч Колиџприфаќа голема сума на пари од Марсел како цена која гарантира дека ќе падне во петтата рунда од следниот негов меч. Буч и Винсент кратко се среќаваат додека Винсет и Џулс – сега необјасниво, облечени во маици и шорцеви – доаѓаат во клубот на Марсел како би ја доставиле актовката.

Дејството понатаму нè носи следниот ден, кога Винсент навраќа кајнеохипиците Ланс и комп. како би купил малку висококвалитетен хероин.Винсент добро ќе се нафикса (најверојатно од трема?) пред средбата со Миа Валас.Заедно одат во„Џек Ребит Слимс“, допадлив ресторан тематски направен во стилот на 50-тите, каде секој од персоналот е преправен во некоја од поп-иконите од тоа време.
Отпрво владее извесна непријатност меѓу нив. Миа тврди дека не мора да зборуваат по секоја цена што пак предизвикува ослободувачки ефект кај Винсент. Во ресторанот се слуша најава дека ќе има натпревар во твист на кој Миа и Винсент се пријавуваат, играат и победуваат.Тогаш подостарениот и банкротиран актер Траволта потсетува на неговите најдобри денови во 70-тите кога растураше во диско филмовите. Патем, по „Евтини приказни“ добива номинација за Оскар по што неговата кариера доживува ревитализација.Кога пристигнуваат во домот на Миа, Винсент за кратко оди во бањата каде сам себеси се мотивира да не падне во искушение да се сплетка со жената на шефот – што е каректеристика оправдана согласно неговиот карактер кој го краси извесна приземност и рационалност.Тоа е едно клише какво што сме гледале во многу филмови, но Тарантино доследен на својот пародичен стил и овде умее инвентивно да го прекрши.

Додека Винсент ја чука главата од лавабото (ова го велам фигуративно), нестабилната Миа ги наоѓа неговите залихи на хероин – и се предозира.Винсент преплашен брзо ќе отиде кај дилерите, целиот во паника, барајќи помош. Тоа се сцени набиени со извесна напнатост.Искусните дилери ќе ѝ вбризгаат инјекција со адреналин во нејзиното срце – ќе се врати во живот. По повеќето перипетии, сè завршува среќно.
Сцената со златниот часовник со наредникот Кунсе исто така, поигрување со стереотипот за виетнамската тема во повеќето американски филмови.Таа секвенца нè навраќа во минатото кога боксерот Буч е малечок и кога наредникот му предава часовник кој го чувале машките глави на семејството Колиџ.Таткото на Буч умрел во логор за воени заробеници и неговата последна желба била Кунс да му го однесе часовникот на неговиот син. За да ја исполни таа желба, наредникот го чувал часовникот две години во својот ректум. Наеднаш потоа заѕвонува ѕвоно и преплашениот Буч се буди од неговите соништа. Сега е во боксерски гаќички и време е за борба во која е платен да изгуби. Наспроти приказните за традиција, воена и семејна чест кои секако се дел од минатото, сега гледаме една грда прагматична сегашност. Сепак Буч решава да победи и бега со такси.

Во помалку надреалистички сцени од својата шоферска опседната со смрт, Есмералда дознава дека го убил својот противник во рингот. Буч знае дека го измами Марсел со кој се договори да загуби.Следното утро Буч се буди во мотел каде открива дека неговата девојка Фабиен заборавила да го спакува неговиот часовник кој е многу значаен за него од сентиментални причини.Се враќа во својот стан, иако знае дека го бараат Марселовите луѓе. Сите тука би помислиле дека би бил убиен, но режисерот по којзнае кој пат нè изненадува. Буч брзо го пронаоѓа својот часовник по што се опушта и решава да си приготви тост.Во кујната забележува пиштол, а потоа и пуштање вода од бањата.Буч брзо реагира, го зема пиштолот и го убива Винсент Вега кој во тој момент излегува од бањата.
Возејќи се од станот, Буч случајно удира со својот автомобил во автомобилот на Марсел. Бркајќи се меѓу себе, завршуваат во една заложувалница каде Мејнардги заробува со пушка. Мејнарди неговиот пријател Зед, го одведуваат Марсел во друга соба и го силуваат, додека оставаат еден маскиран човек да го надгледува Буч. Буч се ослободува и го нокатуира маскираниот. Впрочем каков постмодернизам би бил тој ако нема садо-мазо!Неговата прва намера е нормално да побегне, но решава да го спаси Марсел и да проба некако да го откупигревот кон него.Додека Зед го силува Марсел, Буч го убива Мејнард.Марсел го зема оружјето на Мејнард и го убива Зед.Марсел и Буч се договараат за примирје со тоа што Буч дава збор дека никому нема да каже дека бил силуван од мажи, а како гаранција за тоа треба да го напушти градот. Буч прифаќа и заминува од градот со чоперот на Зед и со Фабиан.

Потоа следи приказната „Ситуацијата со Бони“ каде дејството нè враќа на Винсент и Џулс кога беа во станот на Брет. Откако го убија него (како што дознавме на почетокот) неговиот цимер излегува од бањата и започнува лудачки да пука на нив, промашувајќи ги секој пат запрепастените Џулс и Винсент кои не успеваат да возвратат на огнот. Џулс склон кон мистификација тврди дека е чудо и Божји сигнал што преживеале, а Винсент како реалист не се сложува. Следната сцена е трагикомична: Винсент го прашува Марвин(пријател на Брет и нивен доушник) што мисли за чудото кога случајно го застрелува во главата додека невнимателно се размавтува со пиштолот наоколу. Присилени се да го сокријат крвавиот автомобил од автопатот. Џулс се јавува на својот стар пријател Џими кој, пак, кога ќе ги види во каква беља се постојано, дополнително внесува паника со најавата дека неговата жена набрзо ќе дојде – а тој има голем стравод неа.
На сцената стапува ликот на ладнокрвниот, пресметан, професионалец Мистер Вулф.Оваа сцена е во извесна мера со автобиографски елементи зашто во повеќе наврати Тарантино тврди дека Харви Кејтел не му е само актерски идол, туку и му бил како татко со поддршката што му ја укажал пред и за време на снимањето на неговите први филмови. Харви ја има улогата на чистач и во буквална смисла. Го чисти автомобилот, се мие и се пресоблекува.
Џулс и Винсент решаваат да одат да јадат во ресторан. Во краткиот пресек ги гледаме Пампкин и Хани Бани како одлучуваат да го ограбат ресторанот вклучувајќи ја и Џулсовата мистериозна актовка. Џулс вади пиштол и го вперува во Пампкин. Хани Бани е хистерична кога во тој момент излегува Винсент од бањата. Настанува пресметка во мексикански стил.Џулс држи предавања за својот морал и за амбивалентноста кон криминалниот живот, а како прв чин на искупување ги наговара ограбувачите да ги понесат парите што ги украле но не и неговата актовка, заклучувајќи мудро дека на тој начин се поштедени.

Самиот Тарантино смета дека „Евтини приказни“ е нешто налик на криминалистичката проза на Чарлс Вилифорд. Исто како и Вилифорд, и Тарантино твори сопствени херои, создавајќи на еден начин едно цело семејство. Убавината е во тоа што тие безобразни херои стануваат толку реални за тебе што кога читаш или гледаш некој(а) книга или филм веднаш разбираш што се случува, ликовите стануваат дел од твоето семејство.
Кога сме кај литературните влијанија Тарантино го споменува и прославениот Селинџер за чии книги вели дека не се напрега многу да ги прочита од причина што сака да ги чита како мала награда која сака да си ја дава низ целиот свој живот. Најверојатно јасноста, читливоста, симболизмот, но пред сè иронијата во Селинџеровите дела се нештата кои го привлекуваат неговото внимание.

Тагови од објавата
Напишано од
More from Алекс Букарски
Политичко-идеолошки импликации во Г-ѓа Даловеј од Вирџинија Вулф
Октоподот на мејнстримот ги пушта своите пипци кон овие анти-херои во обидот...
Повеќе
0 replies on “Кон филмот „Евтини приказни“”