Трета вертикална песна (од збирката „Вертикални песни“)

Трета вертикална песна

Денеска не направив ништо.
Но многу нешта се створија во мене.
Птици што не постојат
си го најдоа своето гнездо.
Сенки што можеби постојат
си го најдоа своето тело.
Зборови што постојат
ја прекрија својата тишина.

Неправењето ништо
ја спасува некогаш рамнотежата на светот
ја постигнува тежината на стварите
врз празната чинија на вагата.

Препев: Наташа Сарџоска