Обеспокоен час

Обеспокоен час

Сите куќи се празни
всисени во небото-шмукач.
Сите плоштади напуштени.
Сите пиедестали вдовци.
Спомениците се иселија во долги
камени карвани кон далечните пристаништа.
Сперливи записи никнат на секоја раскрсница.
Посмртни опомени да не се преминува отаде.
„Животна опасност“.
Но, и бесмртността е мртва
во овој час без имиња врз квадрантите
на времето човечко.

Препев: Наташа Сарџоска