Кон „Убиствата на Алиса“ од Гиљермо Мартинес

Од авторот на Оксфордски убиства

Втор дел од Оксфордската серија

Романот Убиствата на Алиса го има како основа, контекст и опкружување животот на Луис Керол, авторот на Алиса во земјата на чудата, и особено неговата врска со Алис Лидел, девојчето што го инспирирало за тоа негово фантастично литературно патување, и со нејзиното семејство. Сето ова се пренесува во сегашноста преку перото на Мартинес и на Братството Луис Керол, со седиште во Оксфорд, кое е посветено на зачувување и проучување на животот и делото на математичарот и автор. Токму таа особеност на математичар кај Керол, нешто што го споделува со авторот, прави оваа дисциплина, како и логиката, да бидат присутни во текот на целиот роман, нешто што предизвикува посебен интерес кај читателот.

Оксфорд, 1994. Братството Луис Керол решава да ги објави приватните дневници на авторот на Алиса во земјата на чудата. Кристен Хил, млада стипендистка добива задача да ги собере оригиналните тетратки и при тоа ја открива шифрата на една таинствено откината страница. За да си ја зачува заслугата за откритието Кристен договара средба во братството. Вечерта пред средбата ја прегазува автомобил, едвај се спасува, но не присуствува на неа. Се случува серија злостори кои се чини имаат за цел да спречат да се обелодени тајната на таа страница.
Кој сака да го убие носителот на пораката? Кој се крие зад серијата злостори? Кој и зошто ја користи книгата за Алиса за да убива?

Познато е дека животот на Луис Керол предизвикувал полемика, особено во средината на XX век поради неговите врски со многу млади девојчиња, помали од дванаесет години, кои ги сликал во исклучително еротични пози. Овој аспект и сомневањата што постоела околу тоа му даваат на авторот да игра со размисли околу можното педофилско однесување на Керол, без да даде дефинитивен заклучок. Меѓутоа, тој однос со девојчињата му служи на авторот како главна нишка во истрагите на едно убиство и еден обид за убиство, обете поврзани со можни суштински измени во проучувањето на Луис Керол и на неговото дело.

Мартинес повторно нѐ пренесува во универзитетското опкружување на Оксфорд, исто како и претходниот негов роман насловен Оксфордски убиства. Но, овој роман не е втор дел ниту продолжување, туку споделува само неколку ликови. Повторно се појавува младиот аргентински студент присутен и во првиот роман, кој повторно е нараторот и актер во овој нов роман. Тука се и професорот по логика Артур Селдом и инспекторот Петерсен. Тие се зафаќаат со задачата да ја разоткријат интригата и настаните при што се вовлечени во серија непредвидливи убиства.
Гиљермо Мартинес, автор на Оксофордски убиства, успева да создаде роман кој, според традицијата на Борхес и Еко,умешно ја внесува полициската тематика во литературата.

Романот ја добива престижната награда НАДАЛ за 2019 година. Наградата првпат е доделена во 1944 година.
Животот на Гиљермо Мартинес на интересен начин е одразен во романот Злосторите на Алиса. Авторот е доктор по природни науки на Универзитетот на Буенос Аирес и две години престојувал во Оксфорд: овој дел од неговата биографија речиси целосно се поклопува со таа на ликот од неговата нова книга. Неговите дела имаат добиено многу награди меѓу кои: наградата на Националниот фонд за уметност; Хиспаномаериканската награда за најдобар расказ „Габриел Гарсија Маркез“ и други.