ПОЕЗИЈА

Секоја улица / Ја поднесува тежината / на чекорите наши.

Насмевката на сонцето

Понекогаш,
Не умеам на Сонцето да се радувам.
Се чини како Бог да ме лишил од Радоста
што тоа ја нуди.

Сонце,
Ти, што чекориш низ темни, челични облаци.
Возвишено, миро, гордо.
Ме радуваш.

Сонцето ми се приближува.
Му велам –
Сонце, доближи ги до мене
Твоите молитви.
И понекогаш, само понекогаш
Дај ми ја утехата, дај ми ја радоста
што Бог ни ја дава.

Потсети ме,
Дека Ти си почетокот на Новиот Ден.

Дождот

Го чекам дождот,
Да се всели во дворовите, улиците, покривите.
Го чекам,
Да ги избрише сите намуртени лица,
Кои намерно
или случајно го заборавиле Бог.

Го чекам дождот на раскрсница,
Го молам а ми го покаже –
Патот,
кон вистината.

Го барам дождот…
Ги молам облаците да го пуштат,
Да ги усреќи,
сите осамени,
напуштени клупи во градот.

Да ги измие сите нечисти мисли..
Да ги спои оние, што се гладни за љубов,
Да им помогне на солзите да се скријат,
да поживеат уште малку –
Пред да исчезнат од изворот на Вистината.

Окото на смртта нѐ набљудува

Смртта е далеку од нас,
Но сепак нѐ демне.
Ни се гнаси од неа како од
ужас голем.
О, размисли без смисла!
Па смртта е почеток, а не крај.
Смртта е почеток на вистината.
После вистината доаѓа Бог.
А Бог е почеток на бесконечноста.

Actus purus

Профаноста нѐ гази,
Нѐ гуши со едноличен облик.
Сите не живеат исто,
Иако животот е еден.
Бегај од толпата безлична,
Бегај, ќе те згази.
Протестирај против
она што е потенцијален грев.
Протестирај против бледите силуети на парадоксот.
Помисли на сите можности,
Потенцијални чисти акти.

Секоја улица,
Ја поднесува тежината
на чекорите наши.
Без да нѐ праша кои сме,
Нѐ води кон некои нови предизвици,
нови почетоци.

Тагови од објавата
Напишано од
0 replies on “ПОЕЗИЈА”