Космополитизмот звучи добро во теорија

Во нејзиниот последен придонес за хуманите вредности и како да ги постигнеме, филозофката Марта Нусбаум го истражува космополитизмот – дефиниран како опишувајќи се себе како човечко суштество, а потоа државјанин. Преку анализа на текстови од антиката и како тие се примаат во модерното време, таа прави след на водечките принципи на традицијата кои ги смета како загриженост за достоинството на сограѓаните, без оглед на расата, религијата, состојбата или полот.
Космополитизмот, вели таа, ги има сите соодветни состојки – почит кон другите луѓе, барања за универзална правда, аспирации за егалитаризам – но идеалот е премногу возвишен. Неговата мана е да ги раздели моралните вредности од средствата за нивно докажување. Вредностите отелотворени од космополитизмот чинат многу пари: доброто образование и здравственото осигурување се потребни на секој, но се скапи. Ако ги одделиме финансиските аспекти од моралните императиви, засекогаш ќе има само зборови, а ќе нема акција.
Уште полошо, идеалот се распаѓа во противречности. Невозможно е да се испочитува врската со човечката колегијалност (со странци, робови или жени) без да му се обезбеди на секој човек пристап до истите услови на здравје, безбедност и образование.
Нусбаум ги смета идеите на Адам Смит како средство/лек – но дали таа има право? Неговата идентификација на суштината на човекот homo economicus го отвора патот за нејзиното решение: „пристапот на можностите“, во кој за секоја човечка функција (од здраво живеење до слободно изразување идеи и емоции) постои реципрочна обврска да се финансира неговото актуелизирање.
Не е јасно за кого е напишана оваа книга: историчарите на филозофијата ќе бидат намуртени од прекумерно поедноставување, додека етичарите нема да најдат многу материјал. А, што се однесува до законодавците и оние што Нусбаум ги нарекува „вистински луѓе“, јазот меѓу сонот и неговата реализација сè уште го задржува филозофот на планетарно растојание од реалноста.