Букарски кон филмот „The Judge“

Филмот „Тhe Judge“ – американска legal судска драма, го гледав во полупразно градско кино среде жега, 2014 г., годината на Прибе. И ми се виде филозофски интересен во својата непретенциозност.
Наспроти сончевината, колоритноста на фотографијата заедно со атрактивен двоец (Роберт Дувал & Роберт Д.Џуниор) ми ветуваше интелигентна меинстрим драма со mother fucker адвокати во кои пост-волстритовски корпоративни вратоломии и бескрупозности кои божем нам отрпнатите ќе ни ги поматат невините душички.
Но што навистина гледаме? Д. Џуниор свежо отрезнат и не толку свежо избричен, среде панорами од писоари таму негде забутан во некаков чикашки небодер разменува со свој колега цинизми: „Невините немаат да платат“. Клишеа за загревање, си викаш! Но, наместо дејството да продолжи во таа естетика, тој добива повик кој менува сѐ: неговата мајка е мртва.
Мора да се врати во град со фиктивно име (за да не се навреди никој!) да ја облече старата маица на Metallica, да се види со своите. Клишеата се редат: помалку за семејство, помалку за стариот добар авторитет во опаѓање, за правдата како цивилизациска придобивка и за долгот кон заедницата во социјални димензии колку што допушта жанрот legal драма. „The Judge“ е во својата правничка мантија, таткото, улога во која Дувал умее да ја носи како толстоевски трагичен лик: свесен и подготвен на саможртва во име на извесни идеали, наспроти блазираниот блуден син.

Дихотомија-2: гратче = мегаполис; циничен градски адвокат = судија во мало место, каде соседите љубезно си мавтаат удобно сместени во своите пространи камионети (и тоа се вежба!). Мајката е мртва и нејзината фигура постои само како индиго-змеј во секвенците во оние групни темни сесии за мене и нашата култура нејасна фасцинација од прегледување на видео-снимки од супер банални моменти на фамилијарни дешавки. Но, можеби и не е веќе така невообичаено во свет во кој одамна се снима постојано сѐ, преостанатите членови на семејство зјапаат копнежливо по изгубената семејна кохезија, а оние социолози надобудни би рекле и златни години на нуклеусното семејство.
Така што на ред е, Падот на вербата во Авторитетот олицетворена во градскиот судија. Неговите придики во судницата, некогаш духовити и луцидни, сега служат како одраз на провинциско тесноградие и празно морализирање лишено од емпатија за новите реалности. Настанува есен за судскиот патријарх и тој убива човек, во сообраќајка hit-and-run и истовремено заболува и има амнезија, се заканува да се заборави една судска историја.

Синот: „Кому му е важна твојата судска историја надвор од оваа проклето место?“
Таткото: „Мене!“

Прогресивната критика со сомнеж ќе гледа во идејата дека во филмот се да се застапуваат татко и син во мал град, а тоа да не биде протолкувано како манипулативно обединување на семејните сили за да се омекне секогаш гладијаторски настроениот јавен обвинител кого го игра Били Боб Тортон чија брада можеби најдобро стои.
Адвокатот син, се потпира на разум и одговорност при одбирање во 12 члена Света Порота, тој толку хипердемократски елемент каков што немал ниту во еден реалкомунистички експеримент на 20-ти век. Она што на почетокот е борба за зачувување на семеен углед и чест станува и поле за идеја за трансформација на адвокатот син, од циничен во сочувствителен; таткото пак во достојна борба за зачувување на судија праведник чувар на темелот и поредокот.
Сите се препородени, во еден предвидлив хепи-енд, таткото може и покрај симболичката да доживее и биолошка смрт, стариот Судија е мртов/да живее Судијата, во една од завршните сцени синот ја мерка фотељата, чикашките писоари сјаат празни. А нам не ни бегаат маратонски дебати за судски реформи…