Стихови (1)

Стравовите немаат агенда и не одбираат кога ќе нападнат

БОРБА

Ројот од мисли
ме фаќа неспремна
со сите штитови спуштени на земјата
во тивко предвање.

Стравовите немаат агенда
и не одбираат кога ќе нападнат,
користејќи ја секоја прилика
да изронат дел од кулата во која тој живее во мене,
заштитен,
сигурен.

Нападот е коњаница против бедна пешадија
но храброста ја победува бројноста,
издржливоста – силата.
Помошта е блиску.
Ќе издржам.

СОНУВАЧИ

Седам и сонувам
со полу отворени очи
(или полу затворени – ако го прашате песимистот).

Внимавам на сценариото,
кое го пишува и режира невештиот во мене,
а истовремено ја следам претставата,
која се одигрува пред моите очи.

Сонувам за да ги излажам
малите слатки чудовишта во мојата глава
дека сме на сигурно од струјата,
која не влече низ реката на секојдневието.

Реалноста ги храни
со материјал за кошмари,
па се трудам соништата да ги насликам на зениците.

Мала утеха за сите сонувачи –
можноста да сонуваш со очи широко отворени.

Тагови од објавата
0 replies on “Стихови (1)”