Живот или судбина

Прикази за жената и за мажот... Прикази за војната и за мирот...
    АЛИЏАН
    (втор дел)

Двата романа на Јусуф Сулејман, Ананка и Алиџан, ставени под еден заеднички наднаслов Живот или судбина, на читателот му даваат два сосема различни приоди за едно истодобно време на одмин и за тоа како нивната суштина влијаеше врз нивните животи, а во суштина можеби се исти приказни на самотекот на колорот и дијалектичкото движење на животот, остварувајќи ја смислата на казанијата како судбина, во едно исто време на планетата Земја, но со една карактеристика на различност како време на остварување и околности во кои се главните личности на романот, кој секој за себе е сосема компактна космополитска личност со широк спектар на поглед и приод кон социјалните конфликти и самата егзистенција на судирите што им влијаеле и влијаат врз нивниот земски живот, на Македонија низ таа општа животна сага и во неа Ромите како сочинители на овој вавилонски конфликтен и поразителен живот и негација од страна на цивилизацијата на планетата Земја.
Прикази за жената и за мажот…
Прикази за војната и за мирот…
Прикази за победените и победниците, за правдата и неправдата, за минатото и сегашноста!!! Но, за разлика од начинот на кој овие збиднувања досега се именувани во општочовечката мисла, Сулејман го користи автентичното ромско познание за нив, именувајќи го како постојана борба на спротивностите на планетата Земја, односно меѓу Доброто и Злото, која не може да се искорени.
Сите обиди за искоренувањето на последиците од таа вечна борба завршуваат со неуспех во однос на подобрување на самиот живот на обичните мали луѓе, кои се во мнозинство на оваа планета.
Тука на Земјата се остваруваат таа егзистенција и коегзистенција на Ромите, се разбира, начнати и поимувањата на Ромите за Универзумот, Вечноста и Создателот, каде што чесните, добрите луѓе, без оглед на кој народ припаѓаат, секогаш се жртви на репресалиите на злото…
Во овој роман јасно е истакнато познанието на Ромите за настаните во светот, нивното разбирање на политиката и постапките на државите, иако најчесто во јавноста се мисли дека се тие неука неоформена маса, само поради тоа што молчешкум го прифаќаат некоректниот однос кон нив, а тие пак, вечно очекувајќи дека ќе дојде Големиот ден кога Создателот со своите сведоци Небото и Земјата ќе ги израмни сметките и ќе создаде еден нов човечки квалитет на живеење во кој Ананка (како симбол на жената), Алиџан (како симбол на мажот), нивниот завет, љубов и покорност пред правилата на земното живеење, но и Изолда (како симбол на искрено пријателство и општочовечко разбирање и убедување за право на живот на секој поединец), ќе ја остварат во новата иднина својата мисија што макотрпно ја преживеале на планетата Земја.
Овој роман кореспондира со самото времетраење на егзилот човечки во поимите живот, судбина, егзистенција и коегзистенција на самиот балкански јазол, кој е губилиште на странпатие за големи конфликти, а во него самата судбина на Македонија, која се јавува по големата Втора светска војна како субјект и објект на новата социјална содржина и прогрес на самиот повоен живот на Ромите, на македонскиот народ… Таа е коинцидирана со судбинското древно правило на опстојба, како и Ромите, во време и простор, исто така негирана со самото бришење од основниот вокабулар на културното древно наследство како космополитска содржина што ја има остварено низ вековите. Од друга страна, исто така Ромите се негирани и избришани од културното цивилизациско наследство, а ги сочинуваат таа древност и познание на писменоста и Универзумот како слобода и право на самата суштина на љубовта и слободата на познанието човек…

Тагови од објавата
Напишано од
0 replies on “Живот или судбина”