За живеењето на работ на разумот

Постојат два начини за размислата „на работ на разумот“. Да почнеме со најочигледниот начин, оној што беше нападнат многумина последниве години, почнувајќи од еволутивните психолози до постмодернистичките филозофи. За нив, „на работ на разумот“ е заканувачки гест кон она што е на другата страна на разумот – таканареченото „безумие“, кралството на грешките и безредието што резултира кога ќе се оттргнеме од диктирањето на логиката. Тука „работ“ функционира како концепт на граница. Сугерира дека причината е нешто што веќе го поседуваме, но лесно може да го изгубиме ако не внимаваме и несвесно преминуваме кон „темната страна“. Тоа е чуството на „разум“ за кое зборуваат свештениците, а потоа и психијатрите, со модернистички филозофи кои кибитираат од маргините.
Имплицираната идеја дека разумот – често пишуван и како „причина“ се поставува ккао интелектуален заштитен ѕид против основните, нерефлективни, помалку сеопфатни аспекти на нашиот ментален живот. За подобро или полошо, критичарите тврдат дека ние најодговорно реагираме на средините во кои обично се наоѓаме и, тоа го правиме без нешто што изгледа како рационален аргумент. Нашите егзистенцијални проблеми како култура или дури и како вид започнуваат откако ќе се обидеме да генерализираме од ограничената основа на искуството или уште полошо, нашата рационализација на тоа искуство. Буквално нема „причина“ да мислиме дека однесувањето кое се докажало адаптивно во една средина дека ќе биде успешно на друго место.
Но, оваа критика е премногу гласна. Постои покреативен начин да се разбере фразата „раб на разумот“: Што ако разумот давам било каква предност во тоа како пристапуваме кон светот? Тука вреди да се потсетиме дека „разумот“ е повеќе од само интелект. За поголемиот дел од историјата на филозофијата, интелектот е вештина која има за цел да ја рефлектира природата на реалноста. Неговото правилно работење бара да биде во состојба на восприемливост, а не пасивност. Интелектот цути кога еден ум е отворен за она што светот може да го понуди. Тоа е контемплативно. Спротивно на тоа, „разумот“ традиционално се смета за многу поактивна вештина, поврзан со осудата и одлучувањето. Како психолошка формула, „разум = интелект + волја“. Со други зборови, разумот ве става во возачкото седиште на реалноста: наместо да сте отворени за светот, светот е отворен за вас.
Иако многу од денешните секуларни мислители можеби не сакаат да го знаете ова, оваа наметлива концепција на разумот е со теолошко потекло. Создадено во „сликата и сличноста“ на Бог, ние можме да правиме работи слични на Бог, донесувајќи разумни одлуки за светот во кој би сакале да живееме. Просветителството е периодот кога оваа идеја навистина заземала место и во науката и во политиката, а во текот на изминатите 300 години се мобилизираа енормен број на човечки напори и природни ресурси за да се изгради „рајот на земјата“. Наследследството од ова, може да се каже дека е помешано. Не постои негирање дека и негуваната социјална држава и омразениот нацистички режим се продукти на ова движење за да се разбере преку работ на нормалното човечко искуство во царството кое ќе ги претвори мислите во конкретна реалност.
Патеката на проектите на Просветителите е оптеретена со луѓе кои ја потцениле разликата помеѓу луѓето и боговите. „Добивањето на работ на разумот“ е можеби најплодно видено станувајќи свесен за таа разлика, на начин неодамна изложен од само-дизајнираниот „ризик инженер“, Насим Николас Талеб, во „Antifragile“. „Antifragile“ инвеститор е оној кој ја предвидува иднината како значително различна од минатото, но не е сигурен точно кога и како ќе се случи тоа. Стратегијата што ја претпочита Талеб е вид на раширени обложувања, во кои се предвидува многу загуба на облози, но ги третирате како инвестиции учејќи од грешките. На кратко, работ на разумот лежи во вашиот капацитет да направите стратегиски дизајнирани грешки во рамките на умот доволно отворени за да не ги направите повторно.

Извор:
www.prospectmagazine.com