Дали беспокојството е она што нѐ прави луѓе, Кјеркегор?

Еден од најважните филозофи на 19 век, Серен Кјеркегор, со данско потекло, на големо зборувал за наклонетоста кон уметноста како патолошки акт. Кјеркегор целиот свој живот живеел во Копенхаген, каде што дијагностицирал духовна самоувереност со маскирање на вознемиреноста и очајот, што, како што тврдел, го доживува секое човечко суштество. Како и речиси сите негови колеги во Данска, Кјеркегор бил крстен во Лутеранска црква. Целото негово творештво во периодот помеѓу 1840-тите и 1850-тите, произлегувало предизвикано од неговите учења, истовремено барајќи поавтентична форма на религиозен живот.
Зошто Кјеркегор е сѐ уште релевантен денес? Кјеркегор го моделирал својот филозофски стил проучувајќи го Сократ, ексцентричниот филозоф на античка Атина. Сократ поставувал тешки прашања. Што е храброст? Што е правда? По разговорот со Сократ, луѓето кои мислеле дека ги знаат одговорите на овие прашања останувале збунети. Се споредувал со додевач, испратен од боговите: „Се шетам наоколу возбудувајќи, повикувајќи и прекорувајќи го секој од вас… Но, можеби, можеби вие сте лути, како човек разбуден од дремка, и можеби ќе ме удрите, и лесто би ме убиле; тогаш би го поминале остатокот од вашиот живот во дремеж, освен ако Бог, во неговата грижа за вас, не испрати некој друг да ве измачува.“ Сократ направил таква непријатност за себе што навистина бил осуден на смрт, за злосторството на „непочитувањето“.
Инспириран од овој пример, Кјеркегор се обидел да провоцира и да вознемирува со инвентивни, предизвикувачки дела како што се Fear and Trembling, The Concept of Anxiety и The Sickness Unto Death. Живеел низ период на интензивни општествени промени: нови технологии, како што се железниците, телеграфите и масовното печатење кои почнале да го олеснуваат секојдневниот живот, барем за богатите луѓе како него. Мислел дека духовниот живот исто така станал премногу удобен. Христијанството било посебен дел од културата на 19-тиот век, што за многу христијани значело малку повеќе од прилагодување на буржоаските семејни вредности. Кјеркегор го потенцирал контракултурното потекло на религијата: Исус, како Сократ, бил неконвенционален, немирна фигура која на крајот била егзекутирана заради провокации.
Пораката на Кјеркегор оди подалеку од христијанството: пред сè, тој се интересирал за човечката состојба, а неговите увиди трогнаа многу генерации читатели, од сите вери. Тој ги охрабрува луѓето да се соочат со страдањата, наместо да ги избегнуваат. Ова не значи дека тој ја славел бедата, туку затоа што верувал дека вистинскиот мир и радоста доаѓаат од длабочините на човечкото срце, што може да се постигне само со соочување со несигурностите во животот.
Иронично, сугестијата на Кјеркегор дека секој страда од вознемиреност и очај може да биде необично утешно. Во The Sickness Unto Death тој пишува: „Исто како што лекарот може да каже дека најверојатно нема ниту едно живо човечко суштество што е потполно здраво, па секој кој навистина го познава човештвото може да каже дека не постои ниту едно единствено живо човечко суштество кое не очајува барем малку, кое тајно не сокрива неспокојство, внатрешен судир, дисхармонија, вознемиреност во врска со некое непознато нешто или нешто што тој дури и не се осмелува да се обиде да го знае.“
Како што навестува постојаниот тек на новата self-help литература за спиењето, човечките суштества се борат да се одморат дури и кога се доволно среќни да имаат удобни кревети. Кјеркегор имал ужасна инсомнија, и вообичаено работел до доцна во ноќта; во текот на денот, одел и со часови разговарал со луѓе низ Копенхаген, поткрепен со алармантни колчини на силно, слатко кафе. Овие навики, кои веројатно го убија, биле симптоми за копнежот по духовна храна, страст за вистината, итната потрага за неостварливиот Бог. Иако овој вид на егзистенцијален немир може да биде многу непријатен, Кјеркегор го гледал како витален знак за живот. Често лежи закопано под многу материјални аспирации и дистракции, правејќи неговото присуство да се чувствува косо во искуството на беспокојството, од што обично се обидуваме да се оддалечиме. Сепак, во оваа агитираност сме целосно човечки: љубопитни, испитуваме, бараме, се движиме, растеме.
Делата на Кјеркегор не се лесни за читање, а неговиот духовен немир не е лесно прифатлив. И не треба да биде. Сепак, додека успокојувачките гласови на новиот век во почнуваат да бледеат во заборав, Кјеркегор останува Кјеркегор. Низ неговите очи, можеме повторно да погледнеме во сопствената желба за удобност. Се разбира дека сакаме да се чувствуваме пријатно и сигурно: тешко е да се биде човек, иако длабоко во себе можеби не сме сигурни кои сме, каде сме, зошто сме.

Извор:
prospectmagazine.uk