Мери Шели за креативноста

Инвентивноста се состои во капацитетот на превземање на способностите на субјектот

„Креативноста не само што вклучува години на свесна подготовка и обука, туку исто така и несвесна подготовка“, пишува Оливер Сакс во конципирањето на трите суштински елементи на креативноста, додавајќи: „Овој период на инкубација е од суштинско знчење за да се овозможи поотсвесна асимилација и инкорпорирање на влијанијата и изворите, да се реогранизираат и синтетизираат во нешто свое.“ Колку што резервоарот на таквите влијанија и извори е побогат, толку е поинтерена нивната синтеза во нешто ново – нешто што Рилке прекрасно го артикулираше дури цел еден век пред Сакс, со своите размисли за инспирацијата и комбинаторската природа на креативноста. Алберт Ајнштајн го интуираше ова во обид да го опише работењето на својот ум како „комбинатона игра.“
Но, многу долго пред Сакс, Рилке и Ајнштајн, еден друг гениј говореше за ова прашање, за тоа што значи и што е потребно за чинот на создавање: Мери Шели (1797 – 1851), пишувајќи во предговорот на изданието на Франкенштајн во 1831 година, во тоа нејзино револуционерно книжевно ремек-дело не само што даде една безвременска плејада од прашања за науката и општествената одговорност, туку ја отелотвори комбинаторната природа на креативноста, трансформирајќи ги идеите кои ги апсорбирала од научните предавања кои често ги посетувала, во едно визионерско уметничко дело.
Ада Лавлејс ја детектираше таа точка дека пронајдокот е прашање на откривање и комбинирање кај Мери Шели:

Сѐ мора да има почеток… и тој почеток мора да биде поврзан со нешто што датира многу одамна… Пронајдокот, мора да биде понизно прифатен, не постои создавање од празнина, туку од хаос; прво, мора да им се дадат материјалите: може да биде форма на темни, безоблични материи, но тоа не може да ја претвори во самата супстанција. Сите прашања поврзани со откривањето и иновација, дури и оние што постојано се придржуваат до имагинацијата, тука да нѐ потсети е приказната за Колумбо и неговото јајце. Инвентивноста се состои во капацитетот на превземање на способностите на субјектот, во моќта на моделирање и формирање на идеите кои му се сугерираат.

Извор:
www.brainpickings.org

Тагови од објавата
Напишано од
More from РЕПЕР
Секој роман е друг живот
И така јас го открив методот што го користам во сите мои...
Повеќе
0 replies on “Мери Шели за креативноста”