Да бев убава жена

ДА БЕВ УБАВА ЖЕНА

Да бев убава жена
сите движења ќе ми беа уметнички танци
Малку девица како Мадона,
малку храбро-будала како Јованка Орлеанка
Ќе бев скриената тајна на Викторија
и бескалоричната Ева Лонгорија
пердув лесна жена, малку нелегална
исклучително еластична, едвај цицлеста
Бројот на лајкови под моите смарт-постови ќе беа безбројни,
моите смарт-текстови – океј, не баш за моите ставови,
туку за моите фотки со жешки панталончиња
Ќе го имав
гласот на Бијонсе од дното на грлото
слатката убавина на Џенифер Лоренс,
слаткиот маж на Мелани Трамп

Да бев убава жена
немаше да правам разлика меѓу борово дрво и смола
болните искуства ќе ме научеа
колку цврсто може влакната на нозете да бидат прицврстени за фоликулот
колку многу боли, како кога Халк да млати девица со тупаници –
арогантно, без претходно загреваање, без гел, без капка лубрикант

Да бев убава жена
со мамката на аџик ќе одев
ќе го магнетизирав Железниот човек
со својата иронија ќе му ги изгмечев железните алишта
и ќе му ја повикав судбината
па безмиосно ќе го фрлав
на подот на кафезоидниот ринг на мешаните боречки вештини
пациенти ќе ми беа срцекршачите, а јас ним катиљ сестра
главната причина за бесот на мајка ти
вознемирувачката источна убавина за лежерниот и смирен запад
за секој маж ќе бев гостин во дипломатска посета
ќе ги дознавав најбитните тајни така елегантно и лесно
што ќе го предаваа мојот стил во школите за агенти
ќе бев ќерката на г-ѓа Смит и Мата Хари
како бомбаш ќе си ја чекав целта на бел коњ
Ќе ме засегаа ли сите правила?! Не, никако, нели
Таблоидите ќе пишуваа дека сум скандалозна
сите граѓани, па дури и државата ќе ми љубомореа
а и да имав некој грев, врховниот судија ќе ми пресудеше:
„Обвинета, стани, казната ти е да ме казниш по своја волја, согласно твојот грев“

Да бев убава жена
телото ќе ми беше храм на бог, пардон, на божица
на сите мои верници ќе им беше дозволено да ми влезат,
ама облечени во фанки облеки
на конгрегацијата никогаш немаше да снема Сангрија, Мохито и Бејлис
наместо „Халелуја“ ќе ја пеевме „Can You feel the love tonight“ и „Аll the single ladies“

Да бев убава жена
времето немаше да лета
ќе прогласев забрана за летање во рамките на мојата временска зона
брчката немаше да ја викам брчка
туку екстравагантност
ќе го фрлев бастунот
и ќе уживав во стегнатата романса на ботоксот

Како да не бе
Да бев убава жена немаше да ја сакам убавината сама по себе
искрено ќе бев фина од внатре
ќе уживав да раѓам: човечко суштество
во нов живот
Ако ти… пардон, јас, мажот
престанав да ѝ кажувам што да прави не обидувајќи се да ја ставам во рамка
ако воопшто ѝ направев дете, ќе се грижев за него
Па, ајде, да бидеме со нив искрени
да ги почитуваме сите жени
затоа што најдобри се

Препев: Елена Пренџова