Бројки и ѕвезди

МУЗИКАТА НА СФЕРИТЕ
(Питагора)

Целата тајна на хармоничните серии
во урна полна со вода
удрена со чекан
Патот што трча измеѓу бројките и знаците
се спојува во светлина.
Формула и звук, секвенци од фракции
единствената димензија на убавината.

LA MUSICA DELLE SFERE
(Pitagora)

Tutto il segreto della serie armonica
nell’urna colma d’acqua
percossa dal martello.
La strada che corre tra numeri e note
uniti nella luce.
Formula e suono, sequenza di frazioni
unica dimensione di bellezza.

ЕУРЕКА
(Архимед)

Против сите предрасуди ја сакаше реалноста
заводливите ирегуларности на телата
Секоја облина може да биде исправена
секој волумен може да биде (за)чуван
во перфекцијата на коцката
Јасен ти беше законот на спрегата
во големото и малото
го бараше бесконечното
Злото е незнаење на мечот
што го дели животот
помеѓу круговите нацртани во песокот.

EUREKA
(Archimede)

Contro ogni pregiudizio amavi la realtà
la seducente irregolarità dei corpi.
Ogni curva può essere retta
ogni volume custodito
nella perfezione del cubo.
Avevi chiare le leggi della leva
nel grande è nel piccolo cercavi l’in# nito.
Il male и l’ignoranza della spada
che recide la vita
tra cerchi tracciati sulla sabbia.

АЛГОРИТАМ НА ЖИВОТОТ
(Al–Khwarizmi)

Дојде од Корасан
античка провинција на Персија
Просветлен ум во земјата на Илјада и една ноќ
Знаење од Индија и Арабија
во книга од бројки и знаци
за да го најде алгоритамот на животот.

L’ALGORITMO DELLA VITA
(Al–Khwarizmi)

Venne dal Khorassan
antica provincia di Persia.
Fulgida mente nel regno delle Mille e una Notte.
Il sapere dall’India all’Arabia
in un libro di numeri e di segni
per tracciare l’algoritmo della vita.

БРОЈКИТЕ НА ФИБОНАЧИ
(Leonardo Pisano detto Fibonacci)

Тој мост помеѓу Исток и Запад
изграден над бројки
Ја разбирашe големината на арапските трговци
и вашиот восхитувачки гениј ги вџашува присутните
во дворот на Фредерик Втори.
Апстрактната перфекција на тие знаци
магичната серија скриена
во алхемичната убавина на школката
и мистеријата на јастребот во неговиот лет
подоцна опишан од Пачиоли,
Божествена пропорција.

I NUMERI DI FIBONACCI
(Leonardo Pisano detto Fibonacci)

Quel ponte tra Oriente e Occidente
costruito sui numeri.
Capivi la grandezza dei commercianti arabi
e il tuo genio stupiva gli astanti
alla corte di Federico II.
L’astratta perfezione di quei segni
la successione magica nascosta
nella bellezza alchemica della conchiglia
e l’enigma del falco nel suo volo
descritti tempo dopo da Pacioli,
divina proporzione.

МИСЛАМ, ЗНАЧИ – СУМ!
Cogito ergo sum (Rene Descartes)

Жедно jа баравте реалноста на универзумот
Мисла и Екстензија
Концепт и Интуиција
чистењето на бројот
дава живот на секоја форма.
Отпечаток на умот
е сигурен метод
калеидоскопска вистина.

COGITO ERGO SUM
(René Descartes )

Cercavi la realtà dell’Universo.
Pensiero ed Estensione
concetto e intuizione.
La pulizia del numero
dà vita a ogni forma.
Ѐ l’orma della mente
il metodo possibile
il vero opalescente.

Препев: Марта Маркоска