Афтерворк/чии со Антолог/џии

Средби со граѓани, разговори, пишувања, дружења, подарувања, стенд-ап… Вистинска поетско-прозна окупација на Антолог од македонските автори кои имаат што да кажат. Вие ќе имате можност да ги дружите а и да ги прашате. И заштитени од скопските магли да се напиете кафе/чај/троа вино :)
Декемвриската програма на афтерворк дружби во Антолог сублимирано изгледа вака:

15.12.2017 – петок
17:30
Средба со граѓани на…
Ѓоко Здравески (автор на ДЕДИКАР ИКАРАЛ, ЉУБАВИНА, КУЌИЧКА ЗА ПТИЦИ-ПРЕСЕЛНИЦИ и ПАЛИНДРОМ СО ДВЕ Н)

19.12.2017 – вторник
17:30
Разговор со…
Snezana Stojcevska (авторка на ТРЕБА ДА Е ЛЕСНО)

20.12.2017 – среда
17:30
Разговор со…
Biljana Stojanovska (авторка на ЗБОРОВИТЕ НЕМААТ ЗНАЧЕЊЕ)

21.12.2017 – четврток
17:30
Пишување писма на луѓе што сакаат пишување писма со…
Dragana Evtimova и Vladimir Lukash (автори на СЕ ГЛЕДАМЕ НАСКОРО.Е.)

23.12.2017 – сабота
18:30
Разговор за НФ (научно-фантастична) литература со…
Моника Трајковска Јакимовска (авторка на НА РАБОТ ОД ВРЕМЕТО)

25.12.2017 – понеделник
17:30
Разговор со…
Igor Stanojoski (автор на ГАРГАРА и ДИССОМНИИ)

26.12.2017 – вторник
17:30
Дружење и подарување со…
Бојана Дојчиновска – (авторка на КНИГА ПОДАРОК ЗА ПОСЕБНА ДАМА КАКО ТЕБЕ)

27.12.2017 – среда
19:00
Стенд-ап со…
Исток Улчар (автор на СЕНКИ НИЗ ЦИРКУСКИОТ ШАТОР) + Рина Јанкуловска

28.12.2017 – четврток
19:00
Читање хорор-приказни со…
Darko Angelovski (автор на ДУШЕВЕН САНАТОРИУМ)

Сите настани се во книжарницата „Антолог“ на ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 31. Целта е на читателите да им се даде можност одблиску да се запознаат и да се дружат со своите омилени писатели, а истовремено, во овој период на предновогодишни забави што се случуваат на секој чекор, да уживаат во малку поинакви настани од вообичаените, секако збогатени со најубавите книги.

Сами направете пакетче
Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје со особено задоволство најавува и големи попусти што ќе траат до 14 јануари следната година. Под мотото „Сами направете пакетче за себе и за најблиските!“, „Антолог“ приреди многубројни изненадувања за да им ги разубави овие празнични денови на своите читатели.

„Новогодишните и божиќните празници се идеален повод за да се подари книга и затоа ние оваа година сакаме на читателите да им овозможиме сами да си ги направат новогодишните пакетчиња, односно сами да си ги одберат омилените книги во наше издание, а ние ќе ги спакуваме во новогодишно руво и ќе им дадеме празничен попуст“, велат од „Антолог“.

Така, секој купувач во книжарниците на „Антолог“ за време на овој најубав период од годината ќе добие:
– за пакет од 2 книги – 10% попуст;
– за пакет од 3 книги – 20% попуст;
– за пакет од 4 или повеќе книги – 30% попуст.

Акцијата важи само во двете книжарници на „Антолог“ – во Центар (ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 31) и во Дебар Маало (ул. „Ѓорѓи Пулевски“ бр. 29), а ги опфаќа сите книги во издание на „Антолог“, освен книгите на Ана Бучевиќ.

Изненадување за секоја дама

На 1 декември во книжарниците на „Антолог“ започна и една друга акција, која им е посветена пред сè на припадничките на поубавиот пол.

Имено, со секој купен примерок од „Книга подарок за посебна дама како тебе“ читателите ќе добијат подарок балсам за усни „сензилис“ со вкус на јагода и 20% попуст на оваа книга.
Акцијата трае од 1 до 31 декември, а количините се ограничени.

Подарок ваучери за вашите сакани
Од овој месец „Антолог“ воведува уште една новост во своите книжарници – подарок ваучери. Имено, доколку за новогодишните празници сакате некому да му подарите книги, но не знаете дали ќе го погодите неговиот вкус, ова е одлична можност за вас. Подарете му ваучер и тој ќе може сам да си го направи својот избор на книги.
„Ваучерот е знак на внимание, а книгата е најубав подарок. Уживајте во моментот бидејќи имате драги луѓе што својата љубов ја искажале со ваков прекрасен дар!“, додаваат од „Антолог“.


Избор за најкреативна фотографија со хаштаг #антологџии

Традиционално и оваа година „Антолог“ избира најубава фотографија со божиќна или новогодишна тематика. Во овој конкурс учествуваат сите што на друштвените мрежи ќе споделат креативни фотографии со книгите на „Антолог“ користејќи го хаштагот #антологџии и/ли #антологџики, а победничката фотографија ќе добие награда од „Антолог“. Притоа, предвид ќе бидат земени само јавните фотографии, односно фотографиите објавени од јавни профили.

Настани и саеми
„Антолог“ ќе земе учество и на саемите што ќе се одржуваат во во ГТЦ (25-30 декември) во организација на Македонската агенција на издавачи, како и на фестивалот „АртАреа“ во „Кино Култура (22-24 декември) во организација на „Бегемот“, каде што книгите ќе се продаваат по специјални празнични попусти.

Разубавете им ги претстојните празници на своите блиски со оригинален подарок од „Антолог“.