ВОЛШЕБЕН МЕДАЛЈОН НА МОНАХОТ КАЛИСТ

Беше топол, летен ден. Езерото блескаше од убавина, се слушаа брановите кои го брануваа кајчето низ езерото. Во кајчето седеше младиот монах Калист, кој тргнал од манастирот по езерото. Во еден миг, кога Калист се доближи до езерските трски, здогледа како нешто блескоти по водената површина. Од силната светлина речиси ослепе, кога пред него се појави медалјон со слика од една убава жена со долга, плава коса и големи, сини очи. Жената на сликата го гледаше како Света Богородица што го гледала својот син, додека умирал на крстот. Кога Калист ја допре сликата се случи чудо. Монахот како да исчезнал на сосема друго место, на некој малечок остров со црквичка во средина на некое езеро. Сега Калист веќе не се наоѓаше покрај Охридското Езеро, туку на Бледското Езеро, во една далечна земја, со сосема друга, различна традиција и култура, се наоѓаше пред црквичката пред која стоеше истата жена од медалјонот. Таа жена ги переше пелените на некое дете, кога некој ја повикал по нејзиното име Вида. Калист се присетил на името што било напишано на една слика: Вида. Ова е некоја чудна случајност, си помислил Калист, тоа што жената го има истото име како и жената на медалјонот. Кога жената го здогледала Калист срцето ѝ затреперело. Кога Калист влегол во црквата, гласот Божји му рекол: Калист, жената што те пречека на ова место треба да ја нацрташ како икона, бидејќи таа жена го остави своето дете на другиот крај од светот, на еден голем брег, покај манастриот кој се издига над езерото што се наоѓа таму. Таа му го дарувала на Господ, за да се спаси црквата во тој град и нејзиниот син станал монах. Слушајќи ја приказната, Калист ја почувствувал силната енергија кон жената. А жената, по белегот кој Калист го имал на раката го препознала своето дарувано дете. Допирот помеѓу жената и Калист додека се ракуваа, е допирот помеѓу мајката и синот. Таа силна моќна енергија меѓу детето и мајката повторно го вратила покрај Охрдиското Езеро. Пронајдената слика Калист ја однел во црквата, на посебно место. Ја нацртал големата икона со ликот на својата мајка Вида, која на едната рака го држи Бледското Езеро, а во другата Охридската Трска. Од тогаш Калист знае каде му се корените и зошто убавината на двете езера и ден денес постои.