Драг Сашо

  • Писма од промоцијата на „Се гледаме наскоро. Е.“, 14.6.2017, „Ла кања“.
  • Драг Сашо,
    Претпоставувам дека знаеш за писмото што го најдов во твоето палто. Не знам каде си го нашол, но сигурна сум дека ти го дала внуката на Данкан. Со денови го чував и, како што ти ветив, нема да го покажам никому.
    Но, бидејќи Лукаш со месеци инсистираше да го прочита, и постојано ветуваше дека нема да каже никому за ова писмо, му се заканив дека ќе го уништам.
    За да не ја избришам секоја трага од мистериозната врска на Данкан со љубовнатa врска со Лои Фулер, жената што ја научила да танцува, закажа промоција. Во овој момент, за жал, ќе мора да го прочитам писмото во целост.

    „Драга моја Лои Фулер,
    Те Цртам на лист хартија. Намрштена, тврдоглава, мистериозна, чувствителна, преплашена, … и апсурдна сама по себе. Пред да дојдам во Париз те замислував поинаква. Вчера додека трчавме по шумата, погледот не можев да го тргнам од твоето лице.
    Повеќе сакам да те гледам кога на лицето ти се прават брчки, наталожени со годините, обогатени со фантазија или од многу пудра. На тој начин знам дека животот оставил трага врз тебе, како сенка.
    Те Цртам на лист хартија, за да видиш дека не те лажам…, да забележиш дека навистина го мислам ова што ти го пишувам…, те посакувам и не се срамам да престанам да те чувствувам блиску до мене, за да почувствувам дека постоиш онаква каква што си.

    Извини Лои Фулер, но мора да заминам, засекогаш! Те молам немој да тагуваш. Овој пат одам за Русија. Сакам да се запознаам со Есенин. Ќе се снајдеш ти и без мене. Ќе те засолни некој на кој си му драга. На кого си му битна.
    Но, сѐ е некако чудно. Ме обзема некоја тага. Ти си ми повеќе од драга, го знаеш тоа… но, не можам повеќе… морам да заминам еден ден. Ако не заминам вечерва, кога би заминала? Најмногу се ужива во зависностите, запомни го тоа и обиди се да излезеш од тој бесконечен круг без крај.
    Ќе продолжам да Те Цртам на сите бели листови хартија како што те замислувам. Намрштена и мистериозна.
    Засекогаш твоја, И. Данкан“.

    Драг Сашо, дали мислиш дека заедничкото време ги поместува границите на погрешните одлуки? И дали мојата одлука да го прочитам ова интимно писмо е погрешна одлука, по цена само да биде зачувано?

    Епикурејка