МАМА ЈА КАПЕШЕ РАМА (1987)

Стихови на картички, се нарекува раскажувачкиот стил на Лав Рубинштајн, кој е еден од најпреведуваните руски автори. Со својот начин на пишување тој предизвика различни реакции на книжевните сцени. Додека критичарите го критикуваат, новите генерации читатели го обожаваат неговит стил. Книгите на Рубинштајн денес се објавени на речиси сите јазици во Европа.

1. Мама ја капеше Рама.
2. Тате купи телевизор.
3. Дуваше ветар.
4. Зоја ја касна Оса.
5. Саша Смирнов си ја скрши ногата.
6. На Борја Никитин му ја скршиле глава со камен.
7. Почна да врне дожд.
8. Братот си го задеваше брата си.
9. Млекото претече.
10. Првиот збор беше зборот „колено“.
11. Јуре Степанов си изгради шупа.
12. Јулија Михајловна беше строга.
13. Вова Авдеев се тепаше.
14. Тања Чирикова е глупачка.
15. Свршеникот на Гаља Фомина има една рака.
16. На Сергеј Александрович му спроведоа телефон.
17. Инвалид изгорел в кола.
18. Ние одевме в шума.
19. Баба имаше рак.
20. Баба умре во сон.
21. Јас често ја сонував баба.
22. Јас страшно се плашев да не умрам во сон.
23. Игор Дудкин личеше на Грузиец.
24. Сергеј Александрович се шегуваше со тате.
25. Сорокини имаа сливи, но го имаа и Џек.
26. Момчињата играа одбојка на полјанката.
27. Галеб Вишински носеше глушец.
28. Володја Волошенко лажеше.
29. Елена Илариновна го познаваше Сара Черни.
30. Напонот постојано паѓаше.
31. Во киното се даваше интересен филм.
32. Брат ми го навиваше грамофонот.
33. Тате гласно викаше.
34. Насилникот ѕвецкаше со синџирот.
35. Саша Смирнов ми завидуваше на моите мерки.

Thirty Five new pages

36. Тој умееше да мрда со ушите.
37. Потоа научив и јас.
38. Полина Миронова ми рече дека нејзиниот Бројка е тапоумен.
39. Мажот на Клавдија Ефимовна се викаше Михаил Борисович.
40. Раиса Савелевна работеше во деликатесната продавница број 40 како економист.
41. Јурка Винков беше нејзин син.
42. Ксенија Алексеевна беше проста, но многу добра жена.
43. Куќата, каде што живвеја Павлик и Рита Аритонови, ни беше соседна.
44. Тања Чирикова, патем речено, исто така живееше во таа куќа.
45. Името на мажот на Рајка Гусева, за жал, јас го немам запаметено.
46. Дуваше ветар.
47. Брат ми ми раскажа што прават мама и тате во соседната соба.
48. Иста така растеше штавел, `рдокви и праз.
49. Слава Новожилов имаше лузна од жичен ченгел.
50. Заврна дожд.
51. Јас се плашев од куклата на Тања Белецка.
52. Таткото на Јура Степанов немаше заби, мајка му беше дебела, а сестрата маолумна.
53. Сестрата се викаше Јуља.
54. Јас немав сестра, а имав брат.
55. Брат ми ми рече дека денеска умре Сталин.
56. Брат ми ме удри, зашто јас се смеев и се клештев.
57. Тате го остави пушењето.
58. Мечтаевме што побргу да дојде до војна.
59. Ние ги сакавме Кинезите.
60. Не ми дозволуваа да го преминувам патот.
61. Еднаш за малку ќе се отруев со гас.
62. Гаља Фомина студираше на Педагошкиот факултет. Кога јас ја прашав зошто врне дожд, таа почна да ми објаснува и почна вака: „Во нашата земја има многу мориња и реки…“ Натаму не разбрав и не запаметив ништо.
63. Саша Фомин имаше навика да прди во затворена просторија.
64. Не се слушаше но многу смрдеше.
65. Тој не признаваше дека е тој.
66. Учев да возам велосипед.
67. Се срамев да кажам како се викам.
68. Еднаш видов толку огромна гасеница, што не можам да ја заборавам ни до денес.
69. Се зашеметував и ми се смачуваше.
70. Еднаш, кога влегов без да тропнам во собата на Гаља Фомина, јас за прв пат видов.
71. Еднаш, обземен од ужасно претчувство, нагло избегав.
72. Дојдовме, но со големо задоцнување.
73. Целата ноќ беснееше ветар, а имаше и луња.
74. Беше ужасно невреме, сѐ се менувшае и течеше.
75. Од зад аголот повеја ветар, донесе ладовина и тага.
76. Удри гром, се роди тага, градите ми вриеја од збунетост.
77. Во мракот свиреше и светкаше, градот страшно баботеше по покривот.
78. Вршките на елите трепереа, облаците виснаа над влезната порта.
79. Отпрвин беше како од почеток, но заврши со крај.
80. Над мене сѐ беше како и порано, но под мене се нишаше почвата.
81. Кружеа, паѓаа и пливаа, и си заминуваа кој каде.
82. Тој ден сѐ беше како и вообичаено.
83. Јас станав, се облеков…