Анти-бајките на Прокопиев

При крајот на осумдесетите години од минатиот век во продукција на Џим Хенсон се емитуваше една серија наречена „Раскажувачот“. Во неа еден постар човек со своето куче покрај камин раскажуваше приказни. Истите оние кои се наоѓаат кај браќата Грим, Шарл Перо, Ханс Кристијан Андерсен, истите оние кои се наоѓаат и кај Александар Прокопиев. Ако првите, оние на Џим Хенсон се необичен но афирмативен одговор на оние вторите, кои верувам сите добро ги знаеме, тогаш оние на Прокопиев се дескарализација на оригиналниот концепт, со цел различно да проговорат за истите нешта. Нешта како самотијата, љубовта, созревањето, херои и анти-херои, борбата на доброто и злото. Оние приказни за иницијацијата која само во бајките завршува и среќно се живееја до крајот на животот.
Во некои од бајките на Прокопиев силно се чувствува митската матрица, со што најпрво се прави конверзија од езотерично во егзотично, па потоа од свето во профано. Неговите бајки, кој скоро на милост ги нарекува бајки од левиот џеб обединети се под насловот „Човечулец“, односно алхемискиот термин, хомункулус. Така и ќе ги нарекуваме, бајки, иако не се тоа. Токму бајката со тој наслов ја има атмосферата „Франкештајн“ од Мери Шели. Романот кој се смета за прв научно фантастичен роман. А бајките на Прокопиев имаат фантаст%D