Шеснаесет песни

haiku

1.
Со Хаику Труп:
Понекогаш тие сакаат да стават синџири на твоите раце и нозе!
Ако е потребно стани риба,
Ако е потребно слон спасен од изумирање!

2.
Со Хаику Труп:
Вриејќи слободата како чај
таа нуди чаша.

3.
Со Хаику Труп:
Тој го следеше патот на ДНК
од хапло-групата Ј2 поврзана со Т.
Студенилото на планините поминуваше низ неговите вени!

4.
Со Хаику Труп:
Во големо бакарно тенџере, авганистанецот лае:
врабец, врабец, врабец.
Авганистанецот го попречи летот на мојот врабец.

5.
Со Хаику Труп:
Новинарот на Тајмс во Калкута, октомври 1893 година известува:
Амир од Авганистан продал десет илјади заробеници од Хазар како робови!

vintage-1738835_1280

6.
Со Хаику Труп:
Шолјата со чај е таму каде што демократијата го дигитализира мирисот на железо.
Непрестајна носталгија за труп низ кој струјат молекули на CO2.

7.
Со Хаику Труп:
Може ли да те запишам преку етикетата
и во близина на PHP?

8.
Со Хаику Труп:
Волк од промените на дивиот цивилизиран запад.
Волкот рипна да фати друг јоик .

9.
Со Хаику Труп:
Пријателе, умирам за тебе.
Станувам реки што паѓаат од твоите планини.

10.
Со Хаику Труп:
Претвораме камен во растение, ако сакаме.
Пишувајќи го уставот на Хазаристан.

11.
Со Хаику Труп:
Гледајќи и пребарувајќи од една IP адреса до друга.
Таа упатува на 84.48.227.217.

screen-913773_1280

12.
Со Хаику Труп:
Ирвасот претрча и ирвасот исчезна.
Снегот немаше топлина освен својот оган.

13.
Со Хаику Труп:
Мек глас од млада уста.
Додека летото приготвеше дињи и грозје.

14.
Со Хаику Труп:
Растопено куче пред азбуката.
Во Сами јоик.

15.
Со Хаику Труп:
– тоа што сакам да помирисам, додека патувам од Бамијан до Кабул е јаболко,
не талибанската инфекција што останала три векови.

16.
Со Хаику Труп:
Тие го блокираат патот помеѓу Бамјан – Кабул, Ви го попречуваат патот и велат дека треба да сте обезглавени.
Ве убиваат, го прегазуваат вашето тело со коњи и потоа Ве спалуваат!

Препев: Нина Величковска