КРУЖНИЦА

ПИЕТА

Мртви мои.
Над гробвите липа
црн ветар
како верен скопец.
Пристигнав
во заборавеното пристаниште.
Секој еп
завршува со трнлив венец.
Пуст е патот.
а над него стрчат
Трите крста
и телата во крв.
Секоја библиска приказна
се случува на тратот.
Авел легнува
до Каин прв.
Не тагувам.
Јас дури и се насмевнувам.
Тука секој
со секого се знае.
Ако заминеш,
толку ќе е тивко –
како во песната
за мртвиот брат.

КРУЖНИЦА

Една безумна прекрасна
и одвратна мечта…
Александар Блок

Мечтите се секогаш тажни.
Мечтите се полни со скрб.
Безмилосна вознемирувачка кружница
ја заклучила твојата смрт.

Но иако секогаш пред крај
до болка зазбиван се движиш,
разоткривајќи ги тајните тажни
на својте обеспокоени мечти.

church-1787195_1280

ЈАВАЧОТ И НОЌТА

Овие црно зелени коњи…
Овој мрачен живот, кој нас нè гази!
Посакав да ги стигнам – најмалку
за да погледнам барем еднаш зад оградата.

Со двете голи раце набрав се.
После го ставив ласото на гривите.
И се возбудив од радост и страв
меѓу калта на црвеното пасиште.

Беше сон: тие непрестано галопираа.
Неверојатни. Безумни. И диви.
И лета – и лета како во циркус
мојата алова смрт во тие гриви!

Животе мој, јас сум црниот јавач!
Јас сум лудиот, што го обеси ти!
Слушни како слегнува вечерниот самрак
и ме бакнува внимателно по белегот.

Ете, крвав дожд паѓа,
Уморните колена трепетат…
Овој мрачен живот – оваа смрт,
Каде што рие со копитат зелени!

ПОСЛАНИЕ КОН СИМЕОН

1. Одрекување од животот

Кој е сведок на Чудото,
не треба да се престори
во хроничар на болката.

Туку да остане
разнесувач на надежи.

Зошто гулабот влегол во храмот
и колва од раката твоја,
но во летот не обидувај се да го следиш.

Одречи се од животот
во моментот на просветлението,
за да не бидеш повикан како сведок
во процес против Чудото.

Одречи се!
Одречи се!
Одречи се!

Девица ќе роди,
А старица ќе зачне.

На раката ти слета ангелот
на смртта.

2. Повикување на смртта

Ангелу на очајанието,
ангелу на искупувањето,
расвестите ме!

Се одрекувам од виденото,
Се одрекувам од чудото,
Се одрекувам од изреченото.

Ја повикувам смртта за сведок.

crop4-000007
Препев од бугарски јазик: Борче Георгиев