Г-ДИНОТ БЕЗБЕДЕН

Г-дин Безбеден го избра својот псевдоним тежок 600 килограми, бидејќи лифтот може да го носи само него. Комбинацијата ја имаше заборавено. Можеби колекцијата со поштенски марки ја има изгубено. Тој непрекинато гледа вести. Секогаш се нови. Неговата заборавеност победи во трката против целото стадо на повторувања. Секој пат. На тој начин тој ја предупредува својата осаменост. Тој некогаш имаше вознемирувачка иднина. Сега е во времето на исполнетост. Апсолутно сам. Апсолутно модерен. Како во старите добри времиња. Неговата ќерка е негова мајка. Неговиот внук е исто така тој. Дојде неговото време. Не оди понатаму. Како може тој да биде осамен?
Неговото вистинско име е Хансен. Повистинско од тоа не може да биде. Тоа е далеку од доволно дека е вистинското. Потребни се најмалку тројца, за да ја сменат пелената на неговото тело од 120 килограми. Слободната волја му живее некаде во близина. Како да е крал во својот дворец. Тоа е една стара глупост, но тоа е и негова стара глупост. Мора да има состанок. Мора да има неколку состаноци. Мора да има имплементација. Но, од сега па натаму тој ја претставува твојата слаба страна. Неговите наследници се викаат Причина и Последица.

desk-1148994_1280

Превод од англиски: Нина Величковска