Сит народ поради гладни за власт

head-1345060_1280

Никој не стои зад мене, затоа сум последен.

Единствени што кај нас работат со жар се скараџиите.

Во политиката ништо не е случајно, освен политичарите.

Го вратија од „умрените“… имаше дебели врски.

Едни перат мозоци, други пари, а трети не можат ни да се
исперат.

Лесно го купија, беше продадена душа.

Во животот едни стануваат политичари, други чиновници,
а преостанатите во пет наутро.

Подобро е да бидеш сам, отколку да не си со сите.

Нив не ги плаши вистината бидејќи ја прогласија за државна
тајна.

Работата од мајмун направила човек, само не овде.

Во празната глава има место за сè освен за мозок.

Микрофонот не е земјоделска алатка, но многумина го
користат за чукање празна слама.

Власта е како опиум, затоа некои политичари се однесуваат
како дрогирани.

Овој народ е сит – од гладните за власт.

Да се прашуваа ѓубреџиите ѓубрињата одамна ќе беа
исчистени.

Тие го знаат добро излезот, но се плашат да не останат надвор.

На многумина црниот петок им почнува понеделнички.

person-695656_1280