Охридска романса

Во топлото јулско попладне, Луана се присети на нејзиниот Југ, во државата каде што се чувствуваше многу убаво и каде што секогаш одново се случуваат возбудливи работи. Во мислите се навраќа на обалите на најубавото езеро на Балканот. Во мислите се навраќа на прекрасните дружења, вечерите исполнети со забава и чувството на потполна слобода. Луана е млада девојка, полна со страст и романтична душа, која го живее животот во целост. Девојка, која на прв поглед се вљуби во таа мала државичка на Југот, каде што се чувствува живо и исполнето. Во своите мисли се навраќа на древниот град, каде што започнала словенската писменост, каде што се создале почетоците на јазикот и културата. На градот, кој може да се гордее со богатата култура и природното наследство, со своите манастири, куќи, мистериозни патчиња што ги прегрнуваат бреговите на природната убавина – езерото. На езерото, бидејќи ниедно друго езеро не е толку провидно, јасно и сјајно како тоа. Во ниедно друго езеро Луана не се осмелува да плива толку далеку и има чувство како да плива во море, како да е вистинска морска сирена. Луана со мислите се навраќа кон топлите јулски денови, кои ги помина во таа природна убавина. Кон деновите, кои беа исцрпувачки, а толку интензивни и убави. Полни со убави емоции, радости, задоволство, возбуденост. Во тие денови во Луана повторно блескаат искрички. Искрички во погледот на симнатичниот гуслар со темна коса и темни очи. Тој ја плени со неговата едноставност, со неговата симпатична насмевка и мелодијата на неговата гусла.

ohrid-892491_1280

Ја плени со романтичните прошетки покрај езерото и ноќните погледи на илјадниците светилки, кои ги осветлуваа во ноќта. Таму, во засолништето на древното Канео, тој го пронајде патот до нејзината душа и нејзиното срце. Со секој изминат ден се разгоруваше нејзината искра, растеше страста и возбуденоста со секоја нова средба. Луана во мислите се навраќаше на крајбрежјето на езерото и на неговите плажи. На плажите, што ги опкружуваше месечината и ги осветлуваше, кога нивните две души се спојуваа, кога глувата тишина ја прободуваа воздишките на страста и кога Луана лебдеше од среќа. Во мислите повторно шеткаше по тесните улички во прегратката на нејзиниот гуслар и кога распалавено трчаа по плажите. Се присети на моментите кога прегрнати го набљудуваа заоѓањето на сонцето, разменувајќи си нежни, влажни бакнежи во езерото или еден со друг си ги крадеа сладострасните залаци. Во мислите повторно ги почувствува неговите сочни, меки, мажествени усни, кои од неа ги измамуваше најслатките сокови и ѝ го заматуваа паметот. Во мислите повторно го чувствуваше неговото длабоко дишење и биењето на срцето, неговата цврста прегратка и топлината, со која го грееше нејзиното тело што трепереше. Во неговта прегратка се чувствуваше безбедно, љубено и среќно. Целиот свет беше нивни. Сите плажи, улиците, плоштадите, сето тоа беше нивно и за нив. За нив, остатокот на светот не постоеше. Тие двајца постоеја во ова време, сега. Во два сосема различни света, таа космополит, тој локален патриот со чувство на патријахалност, а обединети во соништата на своите светови. Во тие денови Луана живееше во најубавата бајка, во нереалниот свет, во светот на илузиите. Во мислите Луана се навраќаше кон сите авантури и случувања, кои ги имаше доживеано во нејзината јужна држава. Топлите јунски денови ја маѓепсаа и фасцинираа, ја однесоа во светот на екстазата, во некоја нова димензија. Луана по речиси еден месец се врати назад во родното место, а се чини дека нејзината душа остана таму доле на Југот, во нејзината сакана државичка, таму кај јужната ѕвезда, таму каде што се чувствува како дома, таму каде што секогаш одново ја прекуваат со насмевка. И Луана едвај чека повторно да се врати назад во својата државичка на југот.