Колоритните епоксидни подови на Питер Зимерман

Просторните инсталации земаат замав во последните десетина години. Најдобрите концептуални уметници сѐ почесто сакаат да си играт со просторните концепти, да интервенираат во нив, сѐ со цел да им дадат друга смисла и/ или димензија. Да наметнат одредена тематика, порака или едноставно визуелно да не размрдаат.
Таков е ѝ концептот кој ви го претставуваме овде и сега. Германскиот уметник Питер Зимерман (Peter Zimmermann) е роден во 1956 година во градот Фрајбург, Германија. Денес тој живее и работи во Келн. Неодамна тој направи дополнителна интервенција на неговата изложба која беше претставена на Факултетот во Фрајбург. Со цел да ги презентира своите дела на посебен и единствен начин, Петар Зимерман излезе со идејата за користење на шарена смола со која ги “поплави“ подовите на галерискиот простор за навидум истиот да добие “преплавен“ изглед кој од одредена перспектива го има ефектот на рефлексија.

Konceptuala (1)

Посетителите на изложбата не само што им се восхитуваа на мајсторски сработените постмодернисчки дела на поставени ширум по ѕидовите, туку тие често погледнуваа и надолу, за да уживаат во погледот на навидум влажните колорни подови.
Необичниот и невообичаен резултат очигледно беше постигнат. Светската критика деновиве не е оставена рамнодушна на овој концепт, речиси сите луѓе кои се дел од светската уметничка фела имаат позитивен коментар за овој уникатен предизвик на авторот.
Во “музејскиот“ простор на “für neue Kunst“ во Фрајбург, уметникот Питер Зимерман радикално ја трансформира галеријата со монументална и извонредна подно-инсталирана прошетка. За него, галеријата во училиштетот во Фрајбург, односно подот, станува уметничко платно со шарени и сјајни базени од индустриска смола кои покриваат речиси 425 квадратни метри, а талкањето низ галериските соби станува апстрактно, флуидно и со ликвидни форми.

Konceptuala (2)

Посетителите се поканети да учествуваат во овој наметнат акт или перформанс, со тоа што активино или пасивно ќе бидат дел од концептот едноставно со тоа што ќе седнат на подот, ќе стојат или ќе одат низ непрегледните и заносси подни пространства. Специјалниот просторен однос кој го гради авторот се однесува на долготрајниот цветен епоксиден под и неговата нова серија на слики, масла на платно – презентирани за прв пат во оваа форма и групација – која го формира централниот дел од неговото уметничко визуелно атрактивно шоу, концепт кој е отворен за заинтересираните во родниот град на уметникот. Факултетот во Фрајбург не само што е ехо од една претходна инкарнација на музејот како училиште за девојки, туку исто така се базира на двоумењето на уметникот кон заедничките средства за едукација и комуникација – како на пример енциклопедиите и туристичките водичи.
Тој се осврнува на промената на општеството од централно-организирана дисеминацијата на знаењато сѐ до crowdsourcing, од енциклопедијата до википедија и пошироко. Со ова ова на ум и сјајната површина на сликите и подот – и нивниот слоевит состав – симбол на компјутерски-базираните мотиви, како прелистувачки табови, икони на екранот и прозорци (windows), уметникот го шири спектарот на ангажираност и ѝ дава една мултидисциплинарна нишка на целата идеја поврзана со овој проект.
Со овој ангажман ѝ со влијанието на дигиталните медиуми за актуелното сликарство, училиштето во Фрајбург го претставува комплексниот, сликарски и шарен космосот на Зимерман.

Konceptuala (3)

Konceptuala (4)

Konceptuala (6)

Konceptuala (7)

Konceptuala (8)

Konceptuala (9)

Konceptuala (10)

Leave a Reply

Your email address will not be published.