Одбрана и културниот идентитет на Балканот

Според три есеи на Исидор Секулиќ – Балкан (белешки на еден балканофил), Проблемот на малиот народ, Да се сосредоточиме, и постхумно објавениот ракопис Балкан – во трудот се анализира единствено промислата за културниот идентите на Балканот.

Со потпирање (користење) на студијата на Марија Тодорова Замислувајќи го Балканот, но и трудовите тематско сродни на проучувачот, следи прецизно објаснување на балканизмот, односно дискурсот за Балканот, посебно евроентричната конструкција.

Со оглед на тоа дека Исидора Секулиќ ја приметува т.н. моќната онтологија на Балканот, таа ги зазема двете страни, балканската и европската, укажувајќи на неделевиост на тие два културни идентитети. Обрнувајќи внимание на проблематичните синтагми кои се дел од споменатиот дискурс, простор познат како раскрсница на цивилизацијата, конфликт на Истокот и Западот или буре барут, пола век пред теоретичарите на оваа тема, таа се одлучила да ја брани.

Трудот обилува со конкретни цитати, со кои се прикажува страствената писателска емпатија спрема народите од балканскота територија, нејзино гледиште на нивниот огромен заеднички културен капацитет, како и повик на т.н. политика на пријателство.

Главна цел на трудот е да се проучат недоволно обработените есеи на Исидора Секулиќ и да се согледаат низ призмата на балканскиот теоретичар, но и да се отвори простор за поинакво толкување на балканската литература.

Клучни зборови: Балкан, балканизам, есеј, Исидора Секулиќ, кутурен идентитет, мали народи

Балкан (тур. Шумовити планини) феополитичко име кое од почеток на 19 в. се применува за Балканскиот полуостров. Првично тој термин се употребувал за територија која – после 1699 – директно или индиректно под контрола на Отоманско царство не ја опфаќало територијата под власт на Хазбуршката монархија пред 1918. Иако е тешко да се одредат точните географски граници на Балканот, денес тој термин  – особено во политичко-историска смисла – често се зема за означување на територијата на модерната Грчка држава, Албанија, Југославија, Бугарија и Романија. Знаејќи дека европскиот дел на Турција, иако е географски дел од Балканскиот полуостров, како дел од небалканските држави, тој дел обично не се смета за дел од Балканот. Според некои, навистина, и Турција би влегла во редот н Балканските држави баш поради тоа што нејзиниот државен суверенитет се протега и на дел од Балканот во геополитичко значење. Во литературата терминот Балкан се употребува за опишување на историскиот и политичкиот развој на оваа територија наспроти сите негови етнички, верски, економски и политичко-друштвени разлики.

Оваа, без размислување избрана одредница во Općoj enciklopediji jugoslavenskog leksikogrfskog zavoda (1977), е само една од можните дефиниции за Балканот.  Одредницата во бројни речници и енциклопедии е толкувана на различни начини, некогаш чисто географки (но и тогаш многу различно), некогаш со дополнителни објаснувања за Балканот како историска конструкција. Во зависност од моменталната политичка клима, од годината или векот, границите на географските територии биле пошироки или потесни, па така Романија, Словенија или Грција во некои речници се дел од Балканот, додека во некои не се (Голдсворти 2000: 4). Исто така, Весна Голдсворти во студијата Измислување на Руританија, фантазија на империјализмот (1998) го свртува вниманието на дистинкција помеѓу одредницата Балканец и балканец, дури и во српските и хрватските речници, во кој е лексемата е напишана со голема почетна буква означува припадник на некои од балканските народи, додека лексемата напишана со почетна мала буква означува примитивен човек (Голдсворти 2000: 5). Во западната литература различните изведенки од терминот Балкан негативно се конотирани и се опозит од изведенките настанати од терминот Европа. Пред конструирање на терминот Балкан, до крајот на 19 век се користела синтагмата европска Турција. После тоа Јохан Авгус Цојне 1808 година го употребува зборот Balkanbalbinsel (Балкански полуостров).

Дваесет години подоцна, Џорџ Томас Кепел прв пат го користи едниствено називот– Балкан (Стојановиќ 1997: 21). Од средината на 19 век името Балкан се користи да го означи целиот полуостров, а кон крајот на истиот век добива нова, политичка конотација (Tодорова 1999: 45-72). Исидора Секулиќ си поигрува со овој поим, најпрвин чисто таксативно, а потоа и со длабоко разбирање и емпатија, отварајќи големи прашања, нудејќи рационални решенија. Така, таа во есејот „Балкан (белешка на еден балканофил)“ (1940) вели дека Балканот е „полуостров, особено кога е стројно и вретенасто, отргнат од скаменетиот континент на човечноста, па така е навистина посебен свет. Засебен по многу нешта: по климата, по егзистенцијата на луѓето, по чудните патишта кои од карпите паѓаат во морето и врз галиите; по духот и културата; по верата, по друштвото и политиката“ (Секулиќ 2003: 21), додека во постхумно пронајдениот есеј (односно белешките) за Балканот таа вели дека е: „Балканот е борба на староста и младоста. Тлото е испрано, ранурнувано, до коски ослабнато и исушено. Уморно е“ (Секулиќ 2003: 19).

Но, пред да почнеме да ги анализираме на размисли на Исидора за идентитетот на Балканот, треба да се напомене дека Балканот секогаш бил означен како периферна точка – периферна во однос на Оксидентот, но и во однос на Ориентот, така речено ни тука ни таму, место на пресрет меѓу Истокот и Западот, простор кој географски припаѓа на Европа, но не и културно. Таквата нескладност допринел за општо разбирање на балканскиот идентитет, сместен на маргините на европската политика. Од 19 век па сѐ до денешен ден, Балканот станал сцена на политичкото соперништво на малите народи во него, во зависност од интерсите на големите сили низ силните стереотипи за буре барут, зона на варварство, колатерална штета на цивилиираната Европа, мрачниот простор на крајот на Европа (Савиќ 2003: 7-8).

Почетната негативна представа за Балканот и неговите жители ја создаваат патниците од Запад, претставувајќи го тој простор како валкан, а неговите жители како мрзливи, крути, несигурни. Марија Тодорова во деталната студија Замислувајќи го Балканот (1997), проучувајќи ги патеписите, романите, новинарските статии и широкиот спектар на разноразни четива, го демаскира создавањето на негативниот дискурс на овој простор. До почетокот на 19 век, прикажувањето на Балканот не е искчучиво во негативна конотација, но, неколку години подоцна главно е така прикажан. Голдсворти цитира дека канонската книжевност, прикажува начин на кој Балканот е гледан низ патеписните слики, а народот на Балканот е прикажан како инфантилен, инфериорен, неуреден, па дури и приглуп. Таквата слика, со кој патеписците го прикажувале Балканот на читателите на Запад,  довело до тоа западниот свет на таков ист начин да почне да ги доживува овие простори, а тоа Голдворти го нарекува имагинациона фантазија, т.е. со своевидна раскажувачка колонизација (Голдсворти 2005: 17-33).

Треба да се напомене дека балканските теоретичари не го окривуваат само Западот за конструирање на ваков дискурс, тие го свртуваат вниманието и на создавањето на  балканизмот внатре во самиот Балкан, без разлика дали тоа доаѓа од интелекуаците кои се гадат од сопствената неевропска припадност, било дали тоа доаѓа од соседните бакански народи[1] кои себе се сметаат за европски, за разлика од другите. Исто така, теоретичарите немаат задача да се спротивставуваат на секој од постоечките стереотипи (Тодорова 1999, Бакиќ-Хајден 2006).

Тоа дека евроцентричниот дискурс за Балканот се служи со невистини, поради недоволното познавање на земјите од ова поднебје, го сфатила и Исидора Секулиќ, повеќе од пола век пред првите теоретски претпоставки за балканизмот.

„Туѓиот свет и странските политичари обично немаат никакво, или имаат слабо знаење и искуство за Балканот. А ако имаат некакво мислење, од посебни политички причини го прикажуваат Балканот секогаш како скршен брод, кој и понатаму го ниша бурата на неслогата и нетрпеливоста и кој неминовно мора да го држи некој однадвор, за да не потоне“ (Секулиќ, 2003: 25).

debeljec-smugglers1

Милица Бакиќ–Хајден забележува како Исидора Секулиќ во тие 30-ти, 40-ти години од дваесетиот век била свесна дека терминот Балкан бил користен за негативно да се вреднуваат народите од полуостровот, кои на нечие жалење, се дел од Европа (Бакиќ-Хајден 2006: 99). Исто така, Исидора укажувала и на тоа дека европските големи народи се тие кои ги оценуваат малите народи. Најчесто негативно. Во есејот Проблем на малите народи (1932) таа ја запазува болната проблематика што произлегува од разликата помеѓу големиот и малиот народ (Магарашевиќ 1997: 65). Тврдејќи дека „во светот, надворешниот изглед на малиот народ зависи од впечатокот и оцената на големите народи, или на еден голем народ, од странците  кои ‘пропатувале и го проучиле народот’, или кои имаат работа со нив низ добропознатите ‘сфери’. При тоа, добронамерно или злонамерно многу се греши за малиот народ. Големите народи обично почнуваат со барањето и мерењето на традицијата кај малите народи, а завршуваат со непронаоѓање на тоа што го бараат. И објавуваат: дека тоа е народ без традиција, значи, сосема тоа се ‘примитивни’ народи“ (Секулиќ 2003: 39). Во истиот есеј го пренесува и впечатокот на еден Англичанец, нејзин пријател, додека во Лондон шетаат низ изложбена поставка на слики од југословенски автори:

„Јасно е дека тие уметници имаат нешто европско, и се Европјани, и работат европски, но сепак и сето тоа не е баш така“(Секулиќ, 2003: 33).

Во есејот Се фокусираме (1940) таа на читателите прецизно им го пренесува пашањето кое ѝ го поставил некој патеписец од Запад:

„А сега вие кратко и јасно кажете ми: што во вашата книжевност е инетересна за човечката и уметничката појава; до каде стигнал во книжевноста оној ваш прочуен јазик на народните песни. Не! Нас нее гледа, а не нѐ забележува. Не прашува за душата на народот низ чија земја патува. Пишува дебела книга за некој филбастер, а не го загрижуваат стотина илјади Европјани во еден мал народ. Меѓутоа, тој мал народ, како и големите народи, иако во поинаков сразмер, има маса и има дух“ (Секулиќ 2003: 57).

Во двата цитата не се прикажува само погледот кон Балканот и збунетоста на Западот, кој не знае каде е и не знае што е тоа Балкан, туку се гледа и двосмисленоста, кога е во прашање статусот на Балканот, при што тој не е само:

„Колатерална штета на Европа“ бидејќи, „Балканците се Европјани, но не баш во потоплност“ (Савиќ 2003: 8-9).

Понатаму, Исидора размислува на темата за традицијата, на чиј идентитет почиваат  балканските народи, забележувајќи повторувања во размислувањата и недоволна јасност во нисвото анализирање. Византиското и отоманското наследство на тлото на современа Европа, за Исидора не претставува раздор и несогласување, туку богатство. „Балканот е еден голем гроб на разни господарувања и цивилизации“ (Секулиќ 2003: 19) „и треба да се присетите на Балканот: за античката Грција и средновековната Визнатија во него, за најчудесните продукти од стариот и средниот век“ (Секулиќ 2003: 23). А темелот на западната цивилизација лежи токму на тлото на античка Грција, значи на тлото на Балканот, па затоа не е ни чудно што Исидора го потсетува Западот на истородноста за културниот идентитет[2].

Тоа што ја повредува Исидора не е неприфаќањето на разнородноста на Балканот и гледањето само на една точка, како примерот со отоманското владеење, туку непризнавањето на домашната култура од страна на големите народи во светот. Многу интелектуалци од тој период се соочувале со истата болка, но голем дел од нив автоматски го отфрлиле европскиот идентитет, приклонувајќи се само на националниот. Тоа не е случајот со Исидора. Кај неа проникнуваат српското, балканското и европското гледиште (Зориќ 1998: 16). Од српското и балканското ниво, таа се воздигнува на европски и светски размери, сметајќи дека сите култури на светот имаат сопствен развој, незанемарувајќи било која култура. Тоа го докажала со пишувањето на различните есеи за различните книжевни појави и во најдалечните предели на светото.

„Прочуеното кралство на хиндуистичките најниски слоеви, односно париите, е работа на традицијата. Познатиот музички талент на Циганите како самоуки свирачи и просјаци со елеганција, е предмет на традицијата. Големите народи имаат лажна слика за традицијата кај малите народи. Големите народи не знаат да ја почитаат таа традиција“ (Секулиќ 2003: 41).

Многу години подоцна, Цветан Тодоров забележува дека е лудо да се констатира дека муслиманската култура не создала еден Микеланџело или дека зулу културата не создала еден Толстој, што е факт, но не е никаков аргумент, бидејќи романот како книжевен род настанал во европската традиција, додека во некои други традиции постојат други видови на изразување за кои Европа не знае ништо (Тодоров 2010: 75).

Меѓутоа, Исидора забележува дека не само западниот свет е тој што не ја почитува традицијата на Балканот. Дел од вината ја носат и неговите жители.

„Сите се бореле – карактеристично – за слободата и убавото, но и сите меѓусебно го пустошеле и мрзеле Балканот, никоја од тие земји не направи татковина за која ќе се грижат“ (Секулиќ 2003: 19).

„Страннците, токму затоа, секогаш како проблем на Балканот го истакнуваат само проблемот на некои поединечни балкански држави, поточно оние кој во даден момент го забораваат својот полуостров. На Балканот тоа или се трпи или се заборава: се заборава дека сме целина. А таа заборавеност другите земји најдобро ја препознаваат од сите балкански науки“ (Секулиќ 2003: 27).

Затоа, таа прашува „Ќе сака ли Балканот бар еднаш да ги отвори очите широки и да го види својот огромен културен капацитет, ако дејствува како целина? Ако народите на Балканот го почувствуваат Балканот, ќе ја почуствуваат и целината, па ќе почнат да бројат прекрасни работи од минатото и сегашноста“ (Секулиќ 2003: 25).

Исидора се обидела да открие како да се сочува културниот идентитет, кој се напојува на исклучителното духовно јадро, а не заостанува ни зад високоуметничките домети на европската култура. Имала бројни неистомисленици. Критичарите ја осудувале за хиерархија кон Европа, но имало и такви кои мислеле дека е национално обоена.  Живеејќи над сите тие леви и десни соочувања, ја споила традиција и модерната вредност, пишувала афирмативни критики за космополитството на Гете, но и за националнотот освестување на Пушкин. Била балканофил, но не и загрижен следбеник на словенската цивилизација. Ги споредила странските и домашните литературни појави, доближувајќи ја домашната книжевност во европски контекст. Сметала дека само Балканот како целина може да биде дел од Европа и дека само така неговата култура може да застане рамо до рамо со европската, (Радуловиќ 1997, Рибникар 1984, Зориќ 2001/2). А педесет години пред југословенскиот воен судир го понудила и единственото разумно решение:

„Мали сме, но ако се сосредоточиме, цели сме. Не завидуваме и не се издигнуваме пред големите народи. Не се свиткуваме пред никого. На ниеден народ не му припаѓа целосна пофалба, па ни осуда. Имаме живот и достоен дух за кој говори нашиот народ, а во кој уште не проговорил преку наша книга“ (Секулиќ 2003: 59).

 

Превод: Борче Георгиев

 

[1] Во литературата неретко се цитира реченицата на Славој Жижек на оваа тема. „За Австијците, Словенците се дива орда од која мораат да се заштитат со замислен ѕид; Словенците дигаат ѕидови пред наездата на ‘нецивилизираните’ Хрвати; Хрватите се оградуваат од својте соседи ‘дивите’ Срби; Србите за себе мислат дека се последен браник на христијанството, кој ги штити и нив (но и Европа!) од исламската инвазија. Значи четирипати се поместуваат кутуролошките граници и се подигнуваат ѕидови – оправдано со заштита на христијанството од наездата на дивите орди“(Жижек, 1997: 9).

[2]  Токму поради античкото минато на просторите на современа Грција, Грците не се определуваат како Балканци. Географите и историчарите ги опрделуваат како такви. Западот е несигурен по тоа прашање, па често се обидува современата Грција да не ја прикаже како наследника на „колевката на цивилизацијата“. (Голдсворти 2000: 6- 7).

Leave a Reply

Your email address will not be published.