Кутија на спомени

Единствена шанса да објавиш своја творба во електронското списание за уметност!

Почитувани читатели на Репер, во текот на годинашниот саем на книга на штандот на издавачката куќа „Антолог“ ќе биде поставена КУТИЈА НА СПОМЕНИ во која ќе може да ни ги испратите своите литературни творби инспирирани од своето минато или некој настан што сте го доживеале.

Нашата идејата е, не само да ги читате туѓите приказни од кои се составени најубавите европски и светски романи, туку и да ги откриете пред јавноста оние приказни што сметате дека се доволно интересни да се претворат во книжевни дела.

Ограничување во бројот на испратени дела и нивниот стил, нема! Можете да ни испраќате песни, драми, раскази, хаику, и секакви други подолги и пократи книжевни форми.

Сите тие кои нема да можат да присуствуваат на саемот на книга, можете да ги доставите на мејл адресата kutijanaspomeni@gmail.com.

Најинтересните творби ќе бидат објавени во списанието за култура и уметност Репер (www.reper.net.mk).

И, како што велат во рекламите, тоа не е сè.

Во чест на овој настан, ве покануваме на дружба на штандот на „Антолог“ со ДЏ сет на музичарот и актер Ивица Димитријевиќ, познат како дечкото од рекламата на „скопско“, на 12 април од 17.00-20.00 часот.

А, за секој купен пакет на книги добитници ЕУ награда за литература, ќе следи подарок книга од македонски автор.

Проектот е со поддршка на програмата Креативна Европа на Европската унија.

Објави дело (1)

Тагови од објавата
Напишано од
More from РЕПЕР
Двобој
Неретко во меѓусебните дуели страдаат и оние околу нас.
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *