За голотијата

Get over it! It's the 21st century.

Небиднина

 

Да претпоставиме дека постојат само Сонцето, Sвездите, Месечината… Всушност да претпоставиме дека се она што го знаете и познавате до овој момент во својот живот, го нема. Не постои. Исчезнало. Ги нема вашите грижи. Ги нема вашите разочарувања. Ги нема вашите мисли, какви и да се.  Вашите зборови и дела. Ги нема вашите очи, уста, нос.

 

Сте ги ставиле вашите алишта во машината за перење, а нив веќе ги нема. Машината полека престанува да врти. Вашата кола, стан, зграда, личните предмети исчезнуваат со ред.

 

Исчезнале сето минато, сета иднина и сега сегашност. Како со вакуум се е извлечено во небиднина. Нема ниту тежини, ниту радости. Левитација. Отсуство на гравитација. Нема што да ве држи за тлото. Оттаму вашата бестелесност.

 

Следејќи го истиот редослед, ниту овие мисли, ниту овие редови не постојат.

Во овој ист момент, кога ги читате, тие веќе не постојат во вашето скапоцено непостоечко сеќавање.

Оттука вашето непостоење продолжува по својот пат, исто како што било и пред вашето постоење.

tumblr_o0ppx5bkEy1qak3vpo1_500

За голотијата

 

            Get over it! It’s the 21st century.

 

Не треба ниту да се поставува прашањето дали жените од овој век имаат или смеат да имаат право да располагаат со своите тела онака како што самите ќе решат и како што најдобро знаат и умеат. Па дури тоа да значи и да си ја сметнат облеката од сопствените тела и да се фотографираат. Сакале вие или не. За тоа решава самата таа и никој друг. Лично човеково право. Ако е тоа споделено со јавноста, сепак главно останува прашањето на нејзиниот личен избор, согласност и слобода да го стори истото.

 

Кај нас голотијата е табу тема. И уште долго веројатно ќе остане. Оттаму, далеку е слободата.

 

Неодамна објавената разголена фотографија (со прикриени интимни делови) на старлетата Ким Кардашијан ги разбранува духовите, пред се’ на конзервативните. Не е ниту прва, ниту единствена, ниту последна што го покажала своето тело.

Што е всушност скандалозноста во голотијата на женското тело? Зошто машкото разголено тело не се смета за исто толку скандалозно? Па да бидеме искрени, нема ни со што да е. Машкото, да.

 

Скандалот е во тоа што жената си ја зема слободата во свои раце.

 

Дали тоа што таа е јавна личност претставува добар или лош пример е друго прашање. Лош пример за малолетните (па и полнолетните), кои сакаат да експериментираат со својата слобода и незрелост, бидејќи истото може да биде сфатено како мамка за злоупотреба и несакани последици. Лоша последица – body shaming. Плукањето по тоа како изгледа едно женско тело. Несомнено порно индустријата, а голем удел има и модната индустрија ја одзема слободата на жената да се чувствува своја во сопствената кожа. Модата преку диктирање параметри за што е in, а што е out. Порно индустријата за деградирање на женското тело, дека тоа служи за одредена цел и профит.

 

Од една страна, да, од каде потребата да се покаже сопственото тело на очите на јавноста? Мама и тато сепак не’ учеа дека не е пристојно да се покажуваат интимните делови на телото на очиглед на сите.

 

Од друга страна која е целта на голотијата? Одредени параметри се поместени во овој нов век. Или можеби не. Од крајот на 19-от век (Нов Зеланд е првата земја која го призна правото на глас за жените во 1893 год.) жените почнаа да го користат своето право на глас. Последна земја во низата досега, е Саудиска Арабија, која дури во 2011 год. го призна правото на глас на жените. Правото на глас е сосема легитимно поставена цел за достигнување, како и многу други политички права, за кои жените го користеле своето разголено тело како оружје.

Точно, денес имаме право на глас, но сè уште немаме признаено право да одлучуваме за сопственото тело.

На крајот на денот, ако која било жена во светот чекаше на чие било одобрување да го покаже своето тело на светлината на денот, веројатно сè уште не ќе имавте видено гола жена.

tumblr_nhiu2kPAyz1qak3vpo1_500

You go girl. Take if off.

 

Much love to the haters!

Zero to body – shammers ***

Тагови од објавата
More from Адријана Ананиева
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *