Книга на месец Октомври

Книга на месецот

ОБЕСКОСТЕНА – НЕВИДЛИВИ ЉУБОВИ – КУЈУНЏИЛАЦИ

Изабел Вери

На 10 октомври Изабел Вери гостуваше на Фестивалот на европската литература „Букстар“.

Книга на месецот октомври

  1. 9. ТОГАШ, СЕ ВРАЌАМ НОЌЕ КАЈ Х

Во холот на зградата, ѕвонам.

Тој ми отвора, преку домофонот.

Се качувам во лифт (никогаш не сум се плашел).

Ја турнувам вратата од апартманот: од кујната до бањата и до дневната соба.

Господин Х не е внатре.

Во собата, го гледам. Тој е тука, веќе угол-гол, како тенија, ме гледа и вели тивко:

„Здраво, добар? Слечи се“.

Тонот на неговиот глас на полицаец не дава да речеш ни крк ни трт, полека ги извршувам наредбите.

Ете, и јас станувам тенија и господин Х е воодушевен што ме гледа дека сум црвец како него.

Тој е седнат десно од креветот во близина на потпорниот ѕид.

Јас седнувам лево од креветот, до самиот потпорен ѕид.

Би се рекло, две петлиња за борба.

Јас велам: „Кукурику, ти имаш голем…“

тој вели: „За подобро да те… малечок мој“.

Се смееме, потоа тој повеќе,

тој суво вели: „Допри се тука“.

Бавно,

јас му се насмевнувам: „Кажи, господине ХХ, тоа е класично-касни ме-јазол „Фати се тука“, кофичка за нимфичка или цифричка, ти мислиш дека јас немам таква навика, запирам пред погледот на мачото што игра лото, не промашува, го турка рачето на мачето, возбуден пред мојот став на штрек“.

„ДОПРИ СЕ ТУКА!“

Тогаш,

Доброволно или сосила, се допирам тука.

А тој, убаво реков,

почнува да потпевнува некоја мелодиичка за цврстината на својата играчка…

Малку по малку, неговите прсти се испреплетуваат околу потечените места, грпките, стебленцата, наборите и свијоците. Сето тоа, се расцветува под неговиот допир, без никаков запир. Неговата дрвена глава се мушнува во месестиот дел, неговото лошо месо слегува во нескротливото.

А тој нежен Х,

насетувајќи ја умирачката,

таа нејаснотија, тој почнува да МЕ растресува како крушово дрво, со својата брза рака. И така, ми поминува посебно многу специјален ¼ час:

Х ме повлекува во битка на чаршафи, ме фрла на сите страни, до сините ѕидови во собата: ќошиња, мали клупи, украсната рамка на вратата, будење, радијатор, мермер, електрична струја…

Моите крвни садови експлодираат, чувствувам топла крв како прска надвор од моите вени, мојот организам помодрува. (Тоа наболува сосема малку, но јас сепак имам желба, желба.)

Сега,

Х се концентрира да игра со своите прсти во моите различни отвори на начин, сосема нов за мене: тоа е како во својата внатрешност да имаш мали стаорци од операта и болви што роварат по ѕидовите на моите меса

меѓу-шок меѓу-сеизмички мачки

несреќни случаи краш-креш

прстите пребаруваат, прстите потпукнуваат, прстите гребат, прстите…

 

И јас ја пеам песната на:

„Љубовта со тебе, Господине Х,

Тоа е само букет синолички,

Но љубовта со тебе, господине Х,

Тоа е нешто многу симпатично,

тоа залудува, те полудува, те мами,

те онемоштува, те легнува, заспиваш,

потонуваш, те слика, со цврста рака,

ни да трепне, во маглинка,

како сон.

И сини цвеќа,

ти ми Посадуваш.

Во висината на моите бутини…“

 

 

 

 

  1. 8. УШТЕ ЕДНА НОЌ, НЕ МОЖАМ ВЕЌЕ, Х

не е во градот.

Таа ноќ, не можам да издржам веќе, моето тело-25, меѓу мажјак и женско, ТРЕБА да дејствува.

Сакам да кажам, да прави со некој, не самостојно.

 

Тогаш, станувам, ноќта е мрачна, ја отворам вратата од Лисестото Куче го гледам заспаното куче, со раширени нозе, со раширени бутини… Не, Бебе мое, нема воопшто да извршам насилство врз тебе.

Напротив, мило малечко мое, со задоволство би позајмила една од непристојните облеки, бидејќи имам силна желба да се вратам повторно во тој клуб на оргии за кучки и кучиња, и таму… да постапувам на песји начин. Ох, да, добра идеја! Со моето прикриено човечко тело, би можела многу интимно да ја продлабочам мојата иницијација во ритуалите да изигрувам најдобар пријател на човекот. Ох, да, да, да… Да се биде во огнот на песјите дејствувања, моето лице маскирано како муцка на животно и да играм дека сум „Јас не знам која сум“…

ВО ОСНОВА, го навлекувам костимот на Лисесто Куче.

Се огледувам во огледалото на бањата.

Јас сум тука, во одблесокот на огледалото, тука сум: битие со муцка, перничиња, кучешки нос и шепи. Тоа е мошне интересно. Секако, припиениот костим открива дел од мојот човечки папок… па добро! Во црнилото на ноќта, сите кучиња се сиви.

Ја треснувам влезната врата и директно, се внесувам за да ја играм мојата нова улога:

Мочам на 4 шепи.

Но каква среќа, пријателите !!… Да шеташ со 4 окови на земја… Да припитомиш нова рамнотежа четириножно животно… ДОБРО е тоа… По малку се чувствувам Коњ… Малку Белета… Ги имам 4 кои се движат, се координираат добро или лошо и ПАФ… Земам обични железни порции на брадата залепена на земјата… Крвкрв, мочкамочка, сино-сино: тоа ќе ме потсетува на една кучешка ноќ.

Тогаш,

јас скокам, кам

трчкам на 4 шепи, пи

душкам стара мочка, ка

 

ѕвонам на вратата од орги-клубот

вадам пропусница

плаќам 3 билети

добивам клуч број…… 69.

 

Без шеги! Имам клуч од гардеробата 69.

Ајде, оди, човек-пес.

Do not worry.

Оди во твојата 69. Welcome and Enjoy.

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.